Најплатениот YouTube-р има 8 години, рецензира играчки и заработи 26 милиони долари

Објавено на 27.12.2019 07:30 во Рецензија


Најплатениот YouTube-р има 8 години, рецензира играчки и заработи 26 милиони долари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Гејминг индустријата во нагорна линија;
- Мали јутубери станаа милионери;

 

Negatives:



Целата рецензија

Најплатениот youtube-р на врвот на оваа листа е веќе со години, а да го видите на улица, сигурно не би поверувале дека ова е тој милионер. Најплатена YouTube ѕвезда е Рајан Каџи, има само осум години, а неговиот YouTube канал функционира последните четири години. 

Рајан само оваа година заработил 26 милиони долари, од вкупно 22 милиони претплатници на неговиот канал на YouTube, како и од различните спонзорски договори со другите компании. Ова не е лоша цифра за дете што неодамна научило да чита, пишува и да брои. Според магазинот Forbes, кој секоја година на составува оваа листа, на второ место се сместил каналот Dude Perfect, кој го водат Coby Cotton, Cory Cotton, Garet Hilbert, Cody Jones и Tyler Tones, со заработка од 20 милиони долари.

Во топ 3 најплатени YouTube-ри, го има и 5-годишното девојче Анастасија Раџинскаја од Русија. Девојчето страда од целебрална парализа уште од раѓање, а нејзините родители првично на YouTube почнаа да споделуваат видеа со кои го следат нејзиниот напредок и борбата против болестите. Денес се појавува на дури седум канали, а повеќето приходи се реализираат од реклами, спонзорирани содржини, продажба на персонализирана роба, турнеја и слично.

Мора да се истакне и четврто пласираната Рет МекЛофлин и Линк Нил, водители на една од најпопуларните дневни емисии на YouTube - "Good Mythical Morning". Двајцата се насловени како прва ѕвезда на YouTube, а во минатата година заработиле 17,5 милиони долари.

Во топ 10 најплатени YouTube ѕвезди се наоѓа и Jeffree Star, музичар и сопственик на своја линија на шминка, со заработка од 17 милиони долари, гејмерот Престон Арсмент, со 14 милиони долари и поранешната најплатена ѕвезда на YouTube, Феликс Кјелберг, познат под името PewDiePie. Оваа година заработил 13 милиони долари, а неодамна најави дека „ќе земе пауза од YouTube", по низа контроверзите што го следеа последниве години.

Потоа следуваат гејмерите Markiplier, однсоно Марк Фишбах, кој заработил 13 милиони долари, DanTDM односно Даниел Мидлтон, британски гејмер со 12 милиони долари, и Иван Фонт, кој на своите видеа ја игра Grand Theft Auto и Minecraft, кој заработил 11,5 милиони долари. На самиот врв е 8 годишното дете, но факт е дека гејмерите полека се пробиваат на топ листата на најплатени YouTube-ри и со тоа сфаќаме дека гејмингот е најплатената професија на векот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.