Huawei Nova 4e - Лесно ќе се подновите

Објавено на 27.12.2019 19:15 во Рецензија


Huawei Nova 4e - Лесно ќе се подновите

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
9.0


Камера
8.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Квалитетен дисплеј

- Достапна цена

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei полека ги надминува предизвиците кои ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп и со несмалено темпо ги комплетира сите класи со нови смартфони. Еден од нив е токму Huawei Nova 4e кој беше најавен уште пред наметнатите санкции па така сега е сосема зрел да се пушти во продажба со многу квалитетни перформанси во средната висока класа, секако со обезбедена лиценца за користење на Google Play у Play Store Protect.

Дизајн

Huawei во последната година прикажува многу квалитетни решенија за дизајнот на смартфоните со убави маски со бои кои се прелеваат и рефлектираат, како и многу тенки рамки со што моделите се доста компактни и лесни за користење. Во оваа шема одлично се вклопува и Huawei Nova 4e па така добиваме смартфон со прекрасно тело со повеќе бои на маската кои се прелеваат меѓу кои сина, бела и црна. Huawei Nova 4e е доста тенок со профил од 7,4 милиметри и тежина од 159 грама со што е меѓу најергономичните смартфони во оваа класа.

Дисплеј

Huawei Nova 4e доаѓа со 6,2 инчен дисплеј кој иако звучи дека е преголем всушност со тенката рамка околу екранот и издолжениот размер од 18:9 го прават да не биде воопшто гломазен. Huawei Nova 4e располага со IPS LCD технологија на панелот, резолуција од 1080 x 2312 пиксели и густина на сликата од 415 ppi што е фантастично. Ваквата комбинација нуди голем степен на прегледност, леснотија за внесување на текст и податоци и уживање во мултимедијални содржини.

Перформанси

Huawei Nova 4e како солиден смартфон од средната класа со амбиции за врвот работи со пристојниот Hisilicon Kirin 710 процесор со осум јадра со Cortex A73 архитектура со работен потенцијал од 2,2 GHz и изработен во напредната 10 nm процедура. Хардверот на Huawei Nova 4e исто така нуди 6 GB RAM со дури половина терабајт основна вградена меморија. За секојдневна активност без пречки на располагање имате батерија со капацитет од 3340 mAh, како и брзо полнење преку USB Type C конекторот со потенцијал од 18W.

Мултимедијалниот дел го заокружува модерната камера на задната страна со дури три сензори од кои примарниот има 24 мегапиксели со широка леќа со f/1.8 апаратура и широк агол како и фазна детекција на автофокус. Останатите два сензори се за ултра широка слика и длабочина на  фокусот кој може да се менува во преден и заден план на сцената.

Селфи камерата исто така ќе ве воодушеви со 32 мегапиксели, f/2.0 апаратура, широк агол и поддршка за Full HD 1080p резолуција.

Заклучок

Huawei Nova 4e за цена од околу 250 евра нуди голем број на адути еднакво распоредени во сите услуги за корисникот, па така многу е тешко да му најдете одредена маана. Секако, во оваа класа конкуренцијата од големите Android брендови е тешка и не е лесно да направите конечен избор, но се надеваме дека со оваа рецензија ќе ви помогнеме да добиете појасна слика за каков уред станува збор.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар