Што не можеше да правиме со смартфоните пред 10 години

Објавено на 04.01.2020 07:30 во Рецензија


Што не можеше да правиме со смартфоните пред 10 години

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Напредна технологија и олеснување на живеењето;

 

Negatives:



Целата рецензија

Толку станавме зависни од телефоните и интернет, што веќе и не се сеќаваме како изгледаше офлајн животот и без мобилен. Некои не можат да одат ниту до WC без својот смартфон. Напредокот на мобилната технологија е неверојатен и пред 20 години ретко кој би можел да помисли дека уредот со типките со кои можевме да телефонираме ќе можеме да праќаме и SMS пораки, како и да се поврземе на интернет.

Колку смартфоните напредуваа во текот на десетлетијата, најдобро можевме да видиме ако споредиме што можеме со мобилните денес, а не можевме до 2010 година. Што можеме со денешните смартфони, а не ни беше достапно во почетокот на оваа деценија, кога започна револуцијата во индустријата на смартфоните.

Плаќање со смартфон

За плаќање на сметктие во продавниците денес е доволно само две опции да одбереме и да платиме на POS терминалот, за сметката да биде платена. Благодарение на поддршката за бесконтактно плаќање, како и сервисите Apple Pay и Google Pay, смартфонот навистина стана паричникот со кој во голем број на продавници, кафе барови и ресторани, хартиените пари навистина не се потребни.

Превод во реално време

Апликацијата Google Translate за Android е достапна уште од 2010 година, но голема е разликата во споредба со апликацијата што е достапна денес. Додека на почетокот беа достапни самите основни можности, Google денес може да преведува реченици во реално време. Достапни се и апликации што преведуваат текст, кој го гледате преку камерата, така што при патувања, на пример, секој знак што ќе го видите на аеродром, може едноставно и брзо да го преведете, така што камерата на телефонот ќе ја насочите кон текстот.

Снимање фотографии со замаглена позадина

Разликата меѓу фотографиите снимени со мобилен пред 10 години и денес е неверојатна. Некои телефони денес имаат и по четири задни камери и оптички зум, а по квалитетот на снимените фотографии не заостануваат премногу за професионалните уреди. Она што претходно се чинеше невозможно е снимањето на фотографии со замаглена позадина, што најмногу се користи за снимање на портретни фотографии.

Повикајте го Uber

Сега ни е вообичаено и нормално да повикаме такси преку апликација само со неколку допири со прстот на екранот, но пред десет години превоз мораше да нарачаме преку телефонски повик. Тогаш беше невозможно да го следиме движењето на возилата на мапите, што денес е вообичаено, па знаеме точно кога нашето такси пристигнува.

Безжично полнење на батеријата

Без потреба за поврзување на телефонот со кабел, доволно е само да го поставите телефонот на посебна подлога и полнењето на батеријата ќе започне. Тоа е опцијата што на почетокот на деценијата не ни беше достапна.

Разбирање на комплексни наредби

Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција и гласовните асистенти, телефоните и дигиталните асистенти денес може да ги извршуваат сите комплексни наредби. Со гласовната наредба така може да се подеси алармот, да се испрати порака, а телефонот може да ги извести корисниците за временските прилики, локалниот превоз и слично. Со телефоните денес може да се водат разговори што се повеќе слични на разговорите со лушето, затоа што тие го сфаќаат контекстот на разговорите. Така со дигиталните асистенти не мора константно да се обраќате, туку тие знаат кога разговарате со нив.

Контрола на смарт куќа

Се повеќе уреди во нашите домаќинства се смарт – од звучници, светилки, фрижидер, па дури и бравите. Со сите тие уреди можеме да управуваме преку телефон, користење на посебни апликации или глас, без потреба за станување да го вклучиме осветлувањето, да го зајакнеме греењето или климата, а сето тоа од удобниот кауч или од оддалеченото место, додека не можевме да стигнеме дома, со цел станот да остане загреан/изладен кога ќе стигнеме.

Да резервираме маса за вечера

Опцијата што ја претстави Google минатата година е можноста за резервација на ручек или вечера, со едноставна гласовна наредба. Кога на Assistant ќе му кажете да ви резервира маса во ресторанот, она ќе ве праша за датата и времето кога ќе сакате да јадете, а се останато ќе го изврши сам. Ако е потребно, дури ќе повика и ресторан и ќе води разговор со персоналот.

Играње на моќни игри

Хардверски, најмоќните модели на смартфони денес се ѕверови на кои може да се играат видео игри, во кои претходно можевме да уживаме само на моќните компјутери. Во иднина дури ниту хардверот нема да биде толку важен со доаѓањето на стриминг сервисите, т.е. дури и игрите што бараат моќен хардвер ќе може да се играат со послаби смартфони.

Стриминг 4K видеа

На телефоните сурфаме со големи брзини - со доаѓањето на 5G мрежите брзините ќе бидат поголеми, а брзиот интернет ни овозможува и уживање во 4K содржината, чиј стриминг, со брзините какви што ги користевме на почетокот на оваа деценија, не би бил возможен.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.