JBL го има „убиецот“ на Apple AirPods

Објавено на 06.01.2020 во Рецензија


JBL го има „убиецот“ на Apple AirPods

Оцени

usability
8.5


Перформанси
9.0


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.1


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена во споредба со конкуренцијата

 

Negatives:

 

- Подолго време на полнење на батерија



Целата рецензија

JBL продолжува со жестокото темпо на лансирање на нови безжични слушалки кои ги замислува како главен избор на корисниците на смартфони, а со тоа и да му нанесе удар на Apple кој заедно со моделите на iPhone нуди доста поскапи верзии на безжичните слушалки AirPods. Затоа JBL ги претстави новите слушалки Tune 220TWS кои се продаваат по цена од само 99 долари.

Дизајн

JBL Tune 220TWS имаат едноставен но, доста впечатлив дизајн со силни бои меѓу кои златно-розева боја, сина боја како и покласична црна боја. Слушалките имаат забленост на перничињата прекриени со цврста пластика што гарантира пред се нивна голема издржливост од надворешни фактори, а истовремено висок степен на ергономија.

Така Tune 220TWS слушалките се доста удобни и лесни за користење и нема да ви предизвикуваат никаква тежина во ушите ниту непријатност. Слушалките исто така се доста лесни и тежат околу 50 грама. JBL Tune 220TWS имаат и дополнителна заштита за водоотпорност па така може слободно да ги користите на отворено и додека спортувате или имате фитнес активности.

Функционалност

JBL Tune 220TWS слушалките со едно полнење може да работат до 3 часа за слушање музика и воспоставување телефонски разговори. Нивното куќиште обезбедува 16 часа активна работа за неколкукратно полнење, а потоа треба истото да го вклучите во струја. Самите слушалки се полнат безжично без никакви кабли внатре во куќиштето кое се поврзува преку microUSB кабел. 

Куќиштето е доста мало и компактно па така без никакви проблеми може секаде да го носите со вас во џеб, ташна или ранер. За негово целосно полнење на батеријата со капацитет од 410 mA/3.85 V ќе ви бидат потребни 2 часа. 

Со команди на допир на левата и десната слушалка на JBL Tune 220TWS може да управувате со песните, да го регулирате звукот, како и да одберете следна песна. JBL Tune 220TWS може да се поврзат со било кој смартфон преку Bluetooth 5.0 конекција која е многу стабилна и прецизна и овозможува непречена усогласеност меѓу уредите. 

Квалитет на звук и додатоци 

JBL Tune 220TWS слушалките располагаат со еден од најдобриот аудио квалитет благодарение на неколку уникатни технологии како што се JBL Pure Bass. Со овој систем тие се издигнуваат над конкуренцијата со прецизен и силен звук со голем опфат на фрекфенции. Со JBL Tune 220TWS слушалките може да користите и гласовни асистенти за полесно управување со командите за телефонски повици, слушање музика и организација. 

Заклучок

JBL Tune 220TWS слушалките се едни од најдобрите на пазарот кога е во прашање нивната цена и гарантиран аудио квалитет. Токму за истата цена од околу 100 долари има веќе голем број на конкуренти, но тешко е да се најде соодветен избор бидејќи повеќето од нив прават големи компромиси во самиот квалитет на дизајнот, материјалите на изработка, имаат недоволно развиен софтвер и потпросечен аудио квалитет. Затоа сметаме дека JBL Tune 220TWS слушалките може да се натпреваруваат со најсилните конкуренти во овој сегмент, што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони