5 опции кои ги има Android, а iPhone може само да ги посака

Објавено на 19.01.2020 во Рецензија


5 опции кои ги има Android, а iPhone може само да ги посака

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Пет најпрактични предности на Android во однос на iPhone

 

Negatives:



Целата рецензија

Двете најдоминантни мобилни платформи Android на Google и iOs на Apple имаат свои предности и недостатоци и фановите вечно ја одржуваат дебатата кој од овие оперативни системи всушност е подобар, побрз и поефикасен. Apple и Google со години се тркаат да направат подобро корисничко искуство, да внесат услуги на кои конкурентот дотогаш не му текнало и да го подобрат целокупниот систем. Вистина е дека и колку повеќе се намалуваше разликата меѓу нив, така и одредени програмски принципи се задржаа, па токму тука може да се најде и онаа мала разлика која на Android во овој случај му дава седум предности во однос на iOs.

Избор на стандардна апликација

Во последно време се повеќе се говори за доделување на избор на корисникот, особено што самите смартфони доаѓаат со прединсталирани апликации од кои не може лесно да побегнете. Apple го реши овој проблем со тоа што на корисниците им е дозволено дури и да  ги бришат од iPhone сите стандардни апликации. Но, од друга страна iOs системот не нуди можност да одберете која апликација ќе биде стандардна за користење. За да промените одете во Settings во менито Apps & notifications > Default apps. Тука ќе може да одберете станардна апликација за интернет прелистувач, за е-маил, за СМС пораки и многу други категории.

Активирање на две апликации истовремено

Зачудувачки но и натаму Apple не направи крупни чекори во подобрување на мултитаскингот на iPhone и покрај тоа што големината на екраните на овие смартфони се зголеми. За среќа на корисниците на Android може да се активираат две апликации истовремено со опцијата за поделба на екранот. Така на пример може да гледате содржини на Chrome за некоја работна задача или истражување, а во вториот дел од екранот да ви биде активна апликација за фаќање белешки за директно да го запишете тоа што ќе го најдете. 

Режим на работа слика во слика

Во делот на мултитаскингот покрај поделениот екран исто така атрактивна опција кај Android уредите е секако и примената на режимот на работа слика во слика, односно на главниот екран се прикажува апликацијата која е примарно активирана, а во помалиот дел од екранот во прозорче се прикажува втората активирана апликација. Со овој режим во прозорчето може да гледате видео од YouTube, a во примарниот дел од екранот некоја корисна апликација за работа, организација или комуникација. Ваков третман воопшто нема кај iPhone смартфоните. 

Image result for android picture in picture mode

Google Assistant ќе ги организира животот

Повторно во делот на практичноста и мултифункционалноста интелигентниот асистент Google Assistant нуди многу повеќе од Siri освен гласовни команди за активирање на одредени постапки на смартфонот. Google Assistant освен што може да работи со гласовната команда OK Google, нуди и систематски решенија за сите ваши дневни активности, од потсетници кога е вашиот следен состанок, до наоѓање на резултати од масовната база на пребарување преку Google Search. Исто така Google Assistant ви нуди постојано бројни информации кои ви се потребни во вистинското време, од податоци за временската прогноза, состојба на патиштата и сообраќајот, како и спортски резултати, вести за нови песни и албуми за забава и многу други опции кои може сами да ги прилагодувате.

Организирајте го почетниот екран како што сакате

Организирањето на почетниот екран е светлосни години пред Apple особено кога е во прашање практичноста, естетиката и слободата за корисниците. На Android на почетниот екран може да сместите било која икона од апликација по било кој редослед кој на вас најмногу ви одговара, па така приоритет ќе им дадете на апликациите кои ви треба најбрзо да ги активирате. Остатокот од апликациите може да ги ставите во „фиока“, односно поделени како икони наредени редоследно.

И кај двете платформи има опција за креирање на фолдери во кои може со различен спој да сместувате икони од апликации, пример апликации за допишување, апликации за мапи и итн, но изборот за прилагодувања кај Android e многу поголем. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони