Кога конечно ќе добиеме универзален полнач за смартфони

Објавено на 27.01.2020 18:00 во Рецензија


Кога конечно ќе добиеме универзален полнач за смартфони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Заштеда на пари;
- Еколошки почиста средина;

 

Negatives:

- Намалување на иновациите;



Целата рецензија

Застапниците во Европскиот парламент ја повикаа Комисијата во интерес на потрошувачите и заштита на околината да го забрза воведувањето на универзален полнач за сите мобилни телефони и други преносни електронски уреди.

Во Директивата за радио опрема од 2014 година, законодавците во ЕУ повикаа на смислување на универзален полнал и ја овластија Комисијата да продолжи да работи на тоа преку делегиран акт. Застапниците на расправата на пленарната седница во Стразбур, во понеделникот, со поголемото мнозинство заговараа што побрзо да се воведе универзален полнач, компатибилен со сите мобилни телефони, таблети, е-книги и другите преносни уреди.

Повеќе застапници во расправата ја критикуваа бавноста и неефикасноста на Комисијата во спроведувањето на Директивата. Некои, пак, изразија сомневање дека можеби се плашеле да не почнат да се бунтуваат огромните корпорации, како што е на пример, Apple. Комисијата од донесувањето на директивата во 2014 година, се потпира на донесувањето препораки, очекувајќи дека производителите доброволно ќе ги ускладат своите производи, но тој пристап немаше успех.

Доброволните мерки за стандардизација на полначот немаат резултати, оценува расправата на хрватската европарламентарка Билјана Борзан (SDP/S&D) и потсетува дека електронскиот отпад во ЕУ и понатаму расте и по 5% годишно. Според извештајот, старите полначи создаваат над 51.000 тон електронски отпад годишно. Потрошувачите со спроведувањето на оваа мерка би можеле да заштедат до половина милијарда евра до 2021 година, истакнува Борзан во расравата и заклучува дека е „време за новата Комисија да покаже дека интересите на граѓаните се пред интересот на индустријата“.

Дури 78% од потрошувачите мораа да го заменат својот мобилен телефон од причина што лесно можеле да се решат во фаза на дизајнот на производот, а полначите дефинитивно ги поскапуваат електронските производи. 

Производителите на електронски уреди после донесувањето на Директивата, го оспоруваа ова барање, од причина што таквиот пропис би кочел можни иновации за таа технологија. Следната расрава за ова прашање е оваа пролет. Дотогаш останува да чекаме и да видиме што ќе се усвои.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.