Xiaomi Mi Note 10: Пента камера и долготрајна автономија

Објавено на 28.01.2020 во Рецензија


Xiaomi Mi Note 10: Пента камера и долготрајна автономија

Оцени

usability
9.9


Перформанси
9.0


Цена
9.0


Камера
9.9


резултат
9.4


Наши забелешки

Positives:

- USB-C влез;
- Пет камери;
- Живи бои во дисплејот;
- AMOLED дисплеј;
- Нов MIUI 11 OS;
- Always On дисплеј;
- Брз скенер за отпечатоци;
- IR blaster;

 

Negatives:

- Не прима MicroSD картички;
- Не може да се менува објективот додека снимате;



Целата рецензија

Само неколку телефони оваа година успеаја да покренат голема возбуда во 2019 година. Mi Note 10 од Xiaomi е еден од нив, тој располага со пента камера со главен сензор од 108MP и батерија од 5260mAh. 108MP се доволни за да би го прогласиле Mi Note 10 за телефон со една од најдобрите камери.

Дизајн и дисплеј

Xiaomi го опремил Mi Note 10 со модерен и атрактивен дизајн, кој потсетува на снајперот на Huawei - P30 Pro. Со Gorilla Glass 5 заштита на стакло, заоблен во рабовите, со метална рамка и прецизно изведени копчиња и отвори. Предниот дел е прекриен со простран екран со тенки рамки и мини засек на врвот. Не прима MicroSD картички и тоа не му е предност, но затоа има нов влез за полначот - USB C, микрофон, звучник и 3.5мм аудио џек. Од горната страна се наоѓаат секундарниот микрофон и IR blaster за универзален далечински управувач.

Xiaomi тука вградил FHD+ AMOLED дисплеј со големина од 6.5-инчи и густина на пиксели од 400ppi. Се разбира, приказот на бои е многу жив и убаво се гледаат деталите длабочински. Читливоста под агол исто така е одлична, а нема да ве разочари ниту на силна сончева светлина. Се вклучува кога ќе го подигнете и ќе го поставите пред лицето, поддржува Always On дисплеј, со новиот MIUI 11 OS, кој е повеќе прилагодлив. Под дисплејот има ефикасен сензор за отпечатоци на прсти, кој брзо ги вчитува отисоците. 

Камера

Најголема прашина за овој модел се дига поради неговите камери. Пента камерата од 108MP е вистинско постигнување и претставува голем залак за Snapdragon 730G. Има вкупно пет камери од задната страна на камерата, но главен е сензорот од 108MP, со pixel binning технологија и така снима фотографии од 27MP, но може да снима и со 108MP. Меѓутоа во полн капацитет, сликите не се многу квалитетни, затоа што благо опаѓа видливоста во деталите и острината на фотографиите.

Повеќето снимаат во автоматски режим, особено во услови на слабо осветлување, за што секако ќе помогне отворот на блендата од f/1.65 и OIS. Со главната камера, Mi Note 10 има и две телефото камери - 12MP со 2x оптички зум и 5MP за фотки од 8MP со 5x оптички зум. Се разбира, тука имаме и OIS обработка на сликите. Има и широко-аголна камера од 20MP, плус макро камера од 2MP. 

Видео се снима со 4K 30fps максимално, а се нудат и 1080p при 60fps. Од предната страна има селфи камера од 32MP f/2.0 со можност за снимање на видео со 1080 пиксели и Gyro EIS стабилизација. Голема предност е тоа што autoHDR и AI технологијата се поддржани и од двете страни. Од режимите за снимање се истакнуваат портретните, ноќните режими и макро режимот, а тоа петоструко зголемување понекогаш може да биде и многу практично. 

Интерфејсот на камерата е сличен како и кај другите Xiaomi телефони, прегледен и едноставен за управување. Она што недостасува е можноста за менување на објективот, односно камерата за време на снимањето на видеото. Со таа камера што сте го почнале снимањето на видеото, ќе снимате до крај, без разлика дали зумирате или не. Се надеваме дека ова во иднина ќе се промени со идните ажурирања.

Софтвер

Mi Note 10 е телефон со новиот MIUI 11 кориснички интерфејс на Xiaomi, кој се базира на Android 9 Pie. Визуелно MIUI 11 не се разликува многу од претходникот, изборникот со апликации и овој пат го нема, екранот за заклучување е практично идентичен, но имаме донекаде изменети иконки со фини анимации, подобрен Always ON Display за телефони со OLED дисплеи и Dark Mode на софтверско ниво. Искуството за користење е слично на она со претходните верзии, а тоа е главно брзо и мазно.

И понатаму се поддржани Темите, и понатаму за навигација може да користите навигациски типки или гестикулации. Завесата со известувања може да ја спуштите без развлекување на прстот до врвот на екранот. Изборник со апликации може да добиете со едноставна инсталација на Poco Launcher. Овде има одличен мултитаскинг со поддршка за Split Screen.

Хардвер, батерија

Батеријата на Mi Note 10 нема никого да разочара, па ниту перформансите, иако Snapdragon 855 или 855+ подобро ќе се носи со камерата од 108MP, отколку Snapdragon 730G, кој е вграден во овој модел. Како за телефон со цена од 540 евра, процесорот е оправдан. Под хауба има 6GB RAM+128GB ROM меморија, без поддршка за microSD картичка.

Импресивно големата батерија со капацитет од 5260mAh овозможува импресивна автономија. Над 10 часа со заклучен екран на едно полнење не е никаков проблем, но конечната автономија како и обично, зависи од тоа како го користите уредот. Безжичното полнење не е вклучено, при што со полначот од 30W ќе го наполните до 100% многу брзо, за 1 час и 20 минути, што е еднакво на одличен резултат. За половина час се полни дури до 50%, колку што му е потребно на овој телефон за целодневно користење.

Заклучок

Целата приказна за Mi Note 10 се базира на пента камерата со 108MP, што според нас не е главниот адут на моделот, туку е батеријата. Mi Note 10 може да го купите поради неговата фантастична автономија, одличен и обемен екран, атрактивен дизајн и многу добри перформанси, исто како и поради 3.5мм аудио џек, кој денес е тешко да се најде, како и функциите за универзален далечински управувач. Mi Note 10 со 6/128GB меморија чини 574 евра. Што мислите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони