Што е подобро - Bluetooth слушалки или слушалки со кабел

Објавено на 28.01.2020 07:30 во Рецензија


Што е подобро - Bluetooth слушалки или слушалки со кабел

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Слушалките со кабел имаат подобар квалитет на звукот;
- Bluetooth се попрактични кога сте постојано во движење;

 

Negatives:

- Bluetooth слушалките не се доволно развиени;



Целата рецензија

Можеби мислите дека Bluetooth слушалките се иднината, но изгледа дека пред нив претстои долг период додека да го достигнат квалитетот на звукот што го нудат стандардните слушалки. Bluetooth слушалките се пријатни, но и се повеќе потребни затоа што се појавуваат голем број на телефони што немаат стандарден џек за слушалки.

И покрај нивната практичност, дали Bluetooth слушалките се подобар избор од стандардните?

1. Секој Bluetooth кодекот поседува мерливи проблеми со квалитетот.

2. Ниту еден кодек или сет на Bluetooth слушалки не може да се мери со сигналот за слушалките со жица.

Денешниот Bluetooth аудио звук помина долг пат во споредба со првиот звук, но се уште не е спремен да го замени џекот за слушалки. Повеќето луѓе нема да бидат во состојба да ја препознаат разликата во квалитетот на звукот ако имаат над 24 години, проблем со слухот или се наоѓаат во присуство и други извори на бучава. Затоа Bluetooth слушалките се идеални за сите што често се движат, но најчесто слушате музика дома, тогаш купете слушалки со кабел. 

Компресија

Користејќи агресивен психоакустичен модел на компресија како MP3, AAC се обидува да ги исече податоците на места на коишто не би ги слушнале, и само понекогаш може да биде многу агресивен. Разликите се забележителни за човечкото уво при нормална јачина на звукот. Поради ова, безжичните слушалки што користат AAC не се идеални за Android телефоните. Затоа е важно да обрнете внимание кој codec го користат вашите слушалки.

За разлика од другите кодеци, AAC тестовите покажале дека квалитетот на звук се разликува од телефон до телефон. Никој не може да потврди дека Android телефоните го процесираат AAC секој на свој начин, но постои сомневање дека опциите за заштита на батериите може да влијаат врз звукот. LDAC е единствениот кодек што овозможува висока резолуција на звук, но има сериозни проблеми со обичните телефони. На некои добиваме 660kbp, додека на други добиваме 330kbps.

И покрај големите ветувања на еден Hi-res Bluetooth кодек, стандардниот сепак не успева да ги исполни сите. Двете, 660 и 990kbps конекциите, нудат солиден квалитет, но 330kbps подесувањето доаѓа со многу шумови. Во овој случај најдобра опција е 660kbps, затоа што нуди најдобра средна вредност за квалитет на звук и квалитет на конекцијата со уредите.Ако имате над 24 години, Bluetooth слушалките ви се апсолутно добри, затоа што повеќето не се во состојба да ги слушнат и забележат разликите во квалитетот на звукот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.