Луѓето не ги интересира приватноста, туку модерната технологија

Објавено на 29.01.2020 07:30 во Рецензија


Луѓето не ги интересира приватноста, туку модерната технологија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Повеќето се свесни за бројните опасности за приватноста што им се заканува на интерентот, но дел од корисниците сметаат дека треба да се помириме со тоа и дека не можеме да преземеме ништо во врска со тоа. Не само што никој не сака да преземе ништо за да се заштити од прислушкување и шпионирање, туку свесно купуваат и нови уреди, како што се смарт звучници и смарт дисплеи, со кои дополнително се зголемуваат ризиците од шпионирање.

Научниците од Универзитетот во Мичиген неодамна направиле истражување поврзано со односите меѓу корисниците на смарт звучници за шпионирање и резултатите што ги добиле се навистина загрижувачки. Утврдена е „константна ерозија на поимот за приватност и нашите очекувања од приватноста“, оти сопствениците на смарт звучници сметаат дека Google и Amazon и така знаат многу нешта за нас, па на овој начин им даваме само малку повеќе податоци, што не го сметаат за проблематично.

Не се во прашање само податоците што ќе ги дознаат Google и Amazon за луѓето, туку проблемот е што до тие податоци може да дојдат и други луѓе со лоши намери. Тоа значи дека други може да ги прислушкуваат сите приватни разговори во домот. Претходно имаше случај како смарт звучникот на Amazon го снимал разговорот меѓу двајца фамилијарни луѓе и снимката ја испратил на лице од листата со контакти, што е најдобар пример за потенцијалната опасност што се заканува.

Не сакате ниту да замислите што би можело да се случи доколку некој хакер или криминалец ги прислушкува приватните разговори преку смарт звучници и би можел да ги уценува лицата што ги прислушкувал, ги објавувал разговорите онлајн и на социјалните мрежи, итн.  Што мислите вие за ова прашање?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони