Moto G8 Plus - Камера која ви дава опции

Објавено на 31.01.2020 19:32 во Рецензија


Moto G8 Plus - Камера која ви дава опции

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
9.0


Камера
9.0


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Компетитивна цена

- Мултифункционална камера

 

Negatives:

 

- Погломазно тело

- Нема microSD влез



Целата рецензија

Motorola Mobility изоди голем пат од првиот модел на Moto G во средната класа, некогаш ограничувајќи го на многу евтини и функционални компоненти, за денеска веќе да претендира кон понуда на поголема вредност за практично истата сума и тоа е многу видлив напредок. Олицетворение на еволуцијата на смартфоните на Motorola Mobility е дефинитивно новиот Moto G8 Plus кој изненадува со одличната камера со три сензори како и издржливоста батерија. Затоа во продолжение проследете ги сите детали за опциите кои ги нуди Moto G8 Plus.

Дизајн

Смартфоните на Motorola во средната класа никогаш не биле познати по тенките тела, а таков е случајот и со полничкиот Moto G8 Plus со профил од 9.1 милиметри. Moto G8 Plus е изработен од пластични материјали што и не е големо изненадување, а привлекува неговата задната страна на маската која има отсјај. Moto G8 Plus може да го најдете во црна, сина и црвена боја.

Дисплеј

Motorola Moto G8 Plus добар дел од цехот го има намалено со примената на LCD панел наместо со поскапиот OLED панел кој повеќе штеди енергија и има побогат израз на боите, но во секој случај е доволно квалитетен. Moto G8 Plus доаѓа со 6,3 инчен дисплеј со Full HD резолуција, како и густина на сликата од 400 ppi и размер од 19:9 следејќи ги сите модерни трендови.


Перформанси

Motorola Moto G8 Plus оваа година хардверот го базира на ефикасниот осум-јадрен Snapdragon 665 процесор кој може солидно да се справи со многу напредни задачи притоа обезбедувајќи доволно брзи транзиции и активирање на апликации. Motorola Moto G8 Plus има единствен избор на меморија од 4 GB RAM и 64 GB простор за податоци. Треба да се напомене дека нема влез за microSD картичка за дополнителна меморија. Смартфонот има одлична батерија со капацитет од 4000 mAh, брзо полнење и дополнителен адаптер за полначот со USB Type C конектор за супер брзо полнење од 18W.

Камера

Motorola Moto G8 Plus има интересен концепт на тројна главна камера, која е составена од примарен сензор со 48 мегапиксели f/1.7, 26mm широка леќа, потоа 16 мегапикселна f/2.2, 14mm ултра широка леќа подесена на 90 степени и 5 мегапикселна f/2.2, 1/5.0", 1.12µm леќа за длабочина. Ултра широката леќа е наменета само за снимање на видеа односно и кога смартфонот го држите исправено ќе снима во хоризонтална позиција. Оваа камера не може да се користи за правење слики. Селфи камерата има 25 мегапикселна f/2.0, 0.9µm леќа и нуди одлични перформанси со поддршка за HDR.

Заклучок

Motorola Moto G8 Plus е големо и пријатно изненадување во средната класа како модел кој претендира да освои и корисници кои помислуваат да купат и поскап и помоќен модел бидејќи нуди сосема квалитетни перформанси. Смартфонот е многу исплатлив ако се земе во предвид дека се продава по цена од околу 250 евра и е на слично рамниште со конкуренти на Huawei и Xiaomi. Што мислите вие за Moto G8 Plus?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар