Huawei FreeBuds 3: Практични слушалки за секаква пригода

Објавено на 17.02.2019 07:30 во Рецензија


Huawei FreeBuds 3: Практични слушалки за секаква пригода

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.8


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Одличен дизајн;
- Црна, бела и црвена боја;
- Безжични;
- Kirin A1 процесор;

 

Negatives:



Целата рецензија

Веќе неколку години кај смартфоните се тренд и добрата аудио опрема и производството на безжични Bluetooth слушалки. Huawei FreeBuds 3 се одлични слушалки со жива црвена боја, црна и бела боја. Huawei овде очигледно посветил големо внимание на дизајнот и самото пакување, дизајнот на слушалките и кутијата за полнење.

Huawei го претстави FreeBuds 3 со црна, бела и црвена боја. Црвената стана подоцна достапна, која ги има истите перформанси како и другите две бои. Црвените дефинитивни подобро изгледаат.

Добро познат дизајн

На прв поглед се исти како Apple AirPods слушалките, но само на прв поглед. Huawei сепак се одлучил за кружен дизајн на кутијата за полнење, која повеќе изгледа како макарон колаче, отколку како некој технолошки уред. Отварањето и затварањето на кутијата е многу едноставно и практично. После вадењето од кутијата е потребно да се вклучат самите слушалки со помош на дискретно сместеното копче од задната страна на кутијата за полнење. 

После вклучувањето, треба да го упарите FreeBuds3 со мобилниот телефон, за што ви е потребна апликацијата Huawei AI Life. 

Удобни и едноставни за користење

Самите слушалки се направени од многу мазна пластика, што од една страна е добро и не го иритира увото, но од друга може да се случи да се излизгаат кога ги вадите.

Корисниците со поголеми прсти ќе имаат мали потешкотии за вадење на слушалките од кутијата, но со текот на времето ќе ја развијат техниката. Тоа е слатки маки.Слушалките на крајот имаат метален дел што служи за контакт при полнењето, но овозможува и дополнителен елегантен дизајн.

Многу се удобни и траат долго време. Совршено се вклопуваат со дизајнот на увото и не се мрдаат воопшто доколку имате физички активности. Нормално, оние што имаат голема ушна школка може да се пожалат дека брзо излегуваат, додека на оние со помала ушна школка ќе им бидат поудобни. 

За цел ден

Како што претходно спомнавме, слушалките се полнат со помош на кутија за полнење, која исто така може да послужи и како кутија за спремање на слушалки, кога не се во употреба. Кутијата се полни со ист полнач како и смартфоните на Huawei, а ако немате телефон од Huawei, во пакет со слушалки доаѓа и кабел за полнење. За полнење на кутијата со слушалките внатре, ќе ви биде потребно нешто повеќе од еден час, при што потоа може да ги користите слушалките до 3,5 часа. 

Звук

Квалитетот на звук е повеќе од задоволувачки, а додека разговарате ќе ви биде одлично. Без никакви чудни бучави ќе го слушате соговорникот со квалитетен звук, без разлика дали се наоѓате на улица со голем сообраќаен метеж или во затворен просторо со бучава. Слушалките нудат Active noise cancellation што супер функционира во бучни средини. Посебно добри се покажаа при разговор во ветровито време, каде што соговорникот воопшто не го примети тоа.

Телефоните на Huawei имаат можност за слушање музика спремна точно за FreeBuds 3 преку апликацијата Music. FreeBuds 3 се компатибилни со било кој Android и iPhone телефон, не само со Huawei. За жал нема апликација за iOs. 

Под хауба

Huawei FreeBuds 3 се опремени со двоен BT/BLE Kirin A1 чипсет и интегриран „bone“ сензор за звук со помош на кој е подобрена репродукцијата на гласот. Овие слушалки имаат добра конекција со телефонот и на поголеми дистанци, а квалитетот останува без разлика на дистанцата. Слушалките се едноставни и удобни за користење, кои изгледаат прекрасно со новата црвена боја. Нивната цена изнесува 9000 денари. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.