Технолошките достигнувања на американската војска

Објавено на 26.02.2020 18:30 во Рецензија


Технолошките достигнувања на американската војска

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Помала смртност на војниците на бојното поле;

 

Negatives:



Целата рецензија

Лабораторијата за воени истражувања на американската војска, CCDC, има мисија за откривање, иновации и пренос за наука и технологија со цел да обезбеди доминантна позиција на американската војска како глобална стратешка сила. Во 2019 година нивниот научник д-р Александар Кот изработил список со 10 најголеми реализирани напредоци во воената технологија, која ја потпира американската визија на војниците во иднина.

Вештачки мускули изработени од пластика.

Американските воени роботи треба да бидат најсилни на светот, а за тоа ќе се погрижи вештачкото мускулно ткиво направено од пластични влакна , кои се завиени околу себе и намотани во пружина. Различните дразби може да ги натераат мускулите да се соберат или да се шират, така што ќе се однесуваат како вистински мускули.

Следење на здравствената состојба и перформансите на војниците преку рецептори за биопрепознавање.

Американските воени и академски експерти бараат начини на кои во реално време би ја следеле здравствената состојба и перформансите на војниците. Тоа планираат да го реализираат преку уникатни рецептори за биопрепознавање. 

Незапалива батерија на база на вода.

Воените истражувачи заедно со колегите од Универзитетот Мериленд и лабораторијата за применета физика на чело со Џонс Хопкинс, развиле нова и незапалива водена батерија. Станува збор за водени литиумски батерии во кои запаливиот електролит е заменет со назапалива површина на база на вода, во која се користи и литиумска сол, која не е преосетлива на топлина, што овозможува складирање и примена на поголема температурна скала.

Производство на енергија со користење на водород.

Замислете дека за производство на електрична енергија на теренот ви е потребно само малку вода и една плочка алуминиумска legura. Американските воени експерти истражуваат апликација од структурално стабилна, наногалванска легура на база на алуминиум, која во контакт со било која течност на база на вода ќе може да произведе водород и на тој начин ќе произведува енергија без користење на катализатор. Американските војници така на терен може да произведат енергија.

3D принтање на ултра-силен челик.

Осмислен е начин на кој може да се испринтаат 3D ултра-силни метални делови, преку прилагодување на легурата што претходно ја развило американското воено воздухопловство. Таа легура е претворена во прав, која потоа преку процесот е наречена "Powder Bed Fusion" и ја претвара во нов облик.

Ласерот на 3D принтерот селективно го топи правот и го обликува во железен образец, а резултатот е парче челик што е за 50% посилен од комерцијалниот, кој и понатаму овозможува чувство како да е традиционално кован.

Тимови од робот-војници

Американските воени истражувачи развиле нови алгоритми и способности што се досега невидени во роботската индустрија. Тие алгоритми се мозокот на роботот и го спремаат за интеракција со непознати објекти, услови и сценарија, спремајќи го роботот за идно партнерство со војниците на теренот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.