Samsung Galaxy S20 - Новото трио е најмоќно и најиновативно досега

Објавено на 27.02.2020 07:51 во Рецензија


Samsung Galaxy S20 - Новото трио е најмоќно и најиновативно досега

Оцени

usability
9.5


Перформанси
9.5


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Најнапредни мобилни камери

- Совршен дисплеј

- Моќни перформанси

- Супер брзо полнење на батеријата

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung Mobile презеде одличен чекор со тоа што "скокна" една генерација и десетката директно се насочи на лансирање на новите премиум модели од Samsung Galaxy S20 серијата. Ова има двојно значење, како скок во броењето на генерациите на Galaxy смартфоните со оглед на големиот број на понудени иновации во однос на ланските модели така и коинциденција со 2020 година.

Овој пат Samsung направи фантастични чекори со кои ја фрли рскавицата во лицето на Apple нудејќи многу помоќни мобилни уреди и уникатни хардверски компоненти кои никој друг ги нема досега. Серијата е составена од основниот модел Samsung Galaxy S20, потоа од Samsung Galaxy S20 Ultra кои имаат идентичен процесор и добар дел од хардверот, а се разликуваат по големината на екранот, капацитетот на батеријата и секако имаат различни камери.

Kлучни спецификации

Неограничени можности со новиот дисплеј

Во суштина сите модели имаат идентична резолуција и технологија зад Super AMOLED Infinity дисплејот. Ова се единствените смартфони на пазарот кои имаат refresh rate од 120Hz што е фантастично достигнување за врвни перформанси при гледање видеа и играње игри.

Најголемиот Ultra модел е на граница на таблет, но поради добрата искористеност на предната површина таа големина воопшто не се забележува па така многу е практично да го носите во џеб или ташна.

Камера која ќе ве воодушеви

Следната голема иновација е секако во камерата со тоа што дел од понапредните функции се резервирани за Samsung Galaxy Ultra. Тој има уникатен 100х хибриден оптички зум што значи дека и при најголемо зумирање на сликата ќе се задржи квалитетот на деталите. Samsung Galaxy S20 и Samsung Galaxy S20 Plus располагаат со 30х оптички зум и 64 мегапикселна камера на задната страна како примарен сензор со придружни леќи.

Исто така се издвојува со беспрекорната 108 мегапикселна камера прва од ваков вид надополнета со повеќе помошни леќи со различен фокус и обем. Samsung Galaxy S20 Ultra може да снима во највисока 8K HD резолуција при 24 фрејма во секунда. Една минута на 8K видео ќе зафати 600 MB простор од меморијата, а истите може веднаш да ги прикачите на YouTube и да ги гледате на 8K HD смарт телевизор.

Енергија која трае

Хардверот, беспрекорниот дисплеј и напредната камера кај Samsung Galaxy S20 Ultra енергија им дава мега батеријата со капацитет од 5000 mAh. Истата со новиот супер брз полнач кој е надворешен и треба дополнително да се купи овој огромен капацитет го исполнува за рекордни 58 минути бидејќи има моќност од 45W. 

Samsung Galaxy S20 и Samsung Galaxy S20 Plus моделите исто така имаат брз полнач кој доаѓа во кутијата и има потенцијал од 25 вати. 

Финални заклучоци

Сите три модели имаат одличен баланс на перформанси и висок квалитет, односно годинава нити еден модел не е замислен за средната класа како што тоа лани беше Samsung Galaxy S10e па кој и да го одберете ќе добиете врвно корисничко искуство, гарантирам квалитет со врвни резултати во сите категории.

Триото на Samsung Galaxy S20 смартфони наскоро ќе се најде и на македонскиот пазар со цена од почетни околу 1000 евра па нагоре во зависност од големината на екранот, меморијата и батеријата. Сите модели може да работат со најбрзата 5G мобилна мрежа, а во земји каде се уште не е поврзана оваа инфраструктура преку мобилните оператори има поддршка за 4G.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар