5 нешта што мора да ги направите за побезбеден дигитален живот

Објавено на 28.02.2020 21:00 во Рецензија


5 нешта што мора да ги направите за побезбеден дигитален живот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

За да биде подобра оваа новата година, мора да ја разгледаме и претходната, со цел да донесеме подобри одлуки. Често пишуваме едукативни содржини со препораки како да се заштитите на интернет, па така и сега ви препорачуваме да го промените она што не е добро.

Променете ги лозинките за побезбедна 2020 година

Се сеќавате ли воопшто на сите лозинки што ги користевте на различни интернет сервиси? Или сте еден од оние што имаат иста лозинка за секој профил? Ако е тоа една од најлошите лозинки, тогаш навистина треба да ги промените. Ако не сте сигурни како да одберете добра и безбедна лозинка, тогаш ве советуваме лозинката да биде со над 8 знаци, да има комбинација од мали и големи букви, цифри и посебни знаци.

Ако користите различни сервиси и ако ви е проблем да ги памтите лозинките, проблемот може да го решите на два начина - или да го запишете на лист хартија, или да го запишете во Notes на телефонот. 

Укинете ги неупотребливите претплати

Во текот на годината се претплатуваме на различни услуги и сервиси, но и newsletter во тој момент ни изгледа добар и интересен. После неколку месеци заклучуваме дека тоа и не е тоа што го сакавме или едноставно веќе немаме време да следиме се што нудат тие сервиси. За да го намалите бројот на e-mail пораки што ги добивате во своето сандаче и сте заштедиле некој денар од претплатите што веќе не ги користите, време е да направите голема чистка.Кликнете на "unsubscribe".

Организирајте ги своите фотографии

Кога се појавија дигиталните фотоапарати, а потоа и камерите на мобилните телефони, сите фотографираме многу повеќе од порано. Исто толку големи фотографии никогаш повеќе и не ги погледнуваме. Освен ако не спаѓате во оној мал број на корисници кои редовно ги архивираат фотографиите, ги прегледуваат, ги категоризираат и евентуално ги обработуваат, сега е време да го направите тоа. 

Избришете ги сите скриншотови што не ви се потребни и што ви служеле за шеги од интернет, и матните и лошите фотографии. 

Избришете ги сите непотребни апликации

Факт е дека на смартфоните имаме купишта апликации, но факт е и дека не ги користиме сите, па затоа имаме обично и многу непотребни апликации. Некои од тие се прединсталирани на нашиот телефон, кои може и да се деактивираат, но многу се натрупуваат и кога ние ги снимаме, а забораваме дека ги снимаме.

Архивирајте ги најважните податоци

Ако некогаш ви се случило да ви умре компјутерот или смартфонот, веројатно сте останале и без некои податоци кои не можете да ги вратите. За да избегнете такво сценарио во 2020 година, чувство на паника и очај, попрво погрижете се за секогаш да имате резервна копија од тие податоци меморирани некаде на сигурно.

Што се однесува до смартфоните, наједноставно е да направите безбедносна копија и да ја меморирате во облак. Android (Google) и iOS (Apple) ја даваат таа можност и навистина треба да ја искористите. Не само што вашите податоци ќе бидат на безбедно, туку и ќе ви биде многу полесно да се префрлите од еден мобилен телефон на друг.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.