Зошто служи валјакот на кабелот за лаптоп

Објавено на 01.03.2020 17:30 во Рецензија


Зошто служи валјакот на кабелот за лаптоп

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Понекогаш во стручната литература може да се најде под името „EMI филтер“. Тоа е всушност големиот „валјак“ на кабелот за полнење на лаптоп. Ако некогаш сте се прашале за што служат оние цилиндри што се наоѓаат на крајот на кабелот за полнење на вашиот лаптоп или мобилниот уред, одговорот на ова прашање се обиде да го одговори порталот Interesting Engeineering.

Цилиндрите често може да се најдат и на кабли со кои се спојуваат тастатурата со компјутерот, а во секој од нив се наоѓа и таканаречениот феритен филтер, кој се користи за да се елиминира губењето на енергијата во жиците. Тие секогаш се користат за подобро полнење на батеријата и преносот на електрична енергија.

Додека струјата минува преку кабелот, доаѓа до големо губење на енергијата поради електромагнетна интерференција. Интерференцијата е всушност физичка појава на заемно влијание на брановите, чиј резултат може да биде нивно слабеење, појачување или поништување. Интереференцијата е сложен физички процес.

Феритните филтери речиси секогаш се поставуваат близу до изворот на енергија, што значи дека обично се наоѓаат на крајот на кабелот. Во секој од цилиндрите се наоѓа мала количина на феритна ќерамика, која ги апсорбира електромагнетните вибрации со висока фреквенција.

Филтрите се наоѓаат во пластична обвивка, а ако се отворат во него може да пронајдете две половини на феритен ќерамички цилиндар. Освен тоа што ги спречуваат електромагнетните интерференции, "EMI филтерот“ може да спречи и интерференции од други сигнали, како што се мобилните телефони или други блиски извори на енергија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони