Како правилно да ја полниме батеријата на телефонот

Објавено на 06.03.2020 16:30 во Рецензија


Како правилно да ја полниме батеријата на телефонот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Нецелосното полнење на смартфонот е подобро за животниот век на батеријата;
- Нецелосното празнење на смартфонот е подобро за батеријата;

 

Negatives:



Целата рецензија

Уште од појавата на мобилните телефони, а потоа и смартфоните, се појави и прашањето како и колку да се полни батеријата. Некои телефони доаѓаа со однапред наполнета батерија, па долго време требаше додека целосно да се испразни, а потоа и да се наполни до крај. 

Со текот на годините, така се создадоа и многу правила и митови како да се полни батеријата и колку да се полни. Токму кај смартфоните, батеријата е една од главните ставки, без кои се разбира, „не можеме да преживееме“. Брзо се празни, а брзо може и да го изгуби својот полн капацитет и најчесто останува без енергија кога телефонот најмногу ни треба.

Дополнителен проблем е тоа што производителите ви ја намалуваат брзината на уредот кога се намалува и долготрајноста на батеријата со цел да ве натераат да купите нов уред. Постојат неколку правила што би можеле да придонесат за подолготрајност на батеријата, но и подобро искуство при користењето на смартфоните.

Пред се, најдобар начин да ја наполните батеријата на својот смартфон е малку и често. Кога и да имате некоја минутка, приклучете го својот смартфон на полначот. За разлика од постарите верзии на батерии, на новите нема да им наштетите доколку така ги наполните. Не празнете ја батеријата до крај пред повторно да почнете да ја полните. Таквото длабоко празнење всушност и повеќе и штети на батеријата отколку што и помага, така што го скратува нејзиниот животен век, а за некои уреди може да биде и погубно.

Доколку е тоа возможно и ви го дозволува времето, треба да биде наполнета од 65% до 75%. Тоа е волшебната граница што треба да обезбеди најдолг живот на батеријата. Кога е многу тешко да се постигне ова количество на наполнетост, треба барем да тежнее на границата од 45% до 75%.

Не полнете ја батеријата до крај, особено ако е целосно испразнета. Литиумско-јонските батерии што се користат во смартфоните, не мора да се полнат до крај. Препорачливо е дури да не се полнат до крај, затоа што високиот напон може долгорочно да ја оштети батеријата.

Повеќето корисници на смартфони ги полнат своите уреди во текот на ноќта. Освен тоа што не им се потребни во тој период, имаат чувство и дека така најлесно ќе се наполнат до крај. Но, ако батеријата не треба да ја полниме до 100%, веројатно и не треба да ја оставаме да се полни во текот на ноќта. Освен ако не мислите да станете кога батеријата ќе се наполни до 75% или 80%. И на крај, за да избегнете прегревање, оштетување на батеријата или нејзин намален капацитет, не оставајте ги уредите вклучени во струја после полнењето.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.