Како сајтот на Google ќе се бори со корона вирусот?

Објавено на 21.03.2020 19:14 во Рецензија


Како сајтот на Google ќе се бори со корона вирусот?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Релевантен извор на информирање за корона вирусот

 

Negatives:

 

- Засега со специјализирани информации само за САД, но наскоро се очекува бројот на земји и јазици да се зголеми



Целата рецензија

Google по неколку недели лансираше специјализиран веб сајт кој на едно место ги обединува сите информации од релевантни извори поврзани со ширењето на пандемијата со корона вирусот. Новиот веб сајт https://www.google.com/covid19 е наменет пред се да служи како доверлив извор за информирање на граѓаните, како и пренесување на сите суштински податоци кои може да помогнат во успорување и спречување на поголемо ширење на вирусот кој може да предизвика илјадници смртни случаи.

Според Google интересот за пребарување на Search за корона вирусот ги надминува сите други термини, па токму затоа постои и голема потреба од точно информирање за сите важни аспекти на болеста Ковид-19.

За почеток сајтот на Google за Ковид-19 е наменет претежно за Соединетите Американски Држави, но исто така е доста корисен и за сите останати земји во светот бидејќи ги нуди најновите информации со кои располаат Центарот за контрола на зарази и превенција на САД, како и на Светската здравствена организација при Обединетите нации.

На сајтот ќе најдете многу корисни информации како што се преглед на симптомите кои се детално опишани и се официјални, потоа сите мерки за превенција, како и податоци за третирање на болеста Ковид-19 за која иако се уште нема пронајдено вакцина или специјален лек, може да се третира со повеќе видови на антивирусни терапии кои даваат резултати.

Search COVID GIF

Во делот на безбедност и совети за превенција ќе најдете видеа со сите чекори со кои може да спречите ширење на заразата со корона вирусот, како што се често миење на рацете, кашлање и кивање во лакт или марамче, избегнување на допирање на лицето, држење на сигурна дистанца од други луѓе, како и задржување во домот во карантин или самоизолација.

Исто така ќе најдете и соодветни совети и препораки како да се однесувате додека сте во домашен карантин, што е особено важно за лицата кои се инфицирани и немаат силни симптоми. 

Друга многу важна информација е сетот на мерки кои се препорачани за повозрасната популација, па така тие може директно да се информираат преку https://www.google.com/covid19  или пак, вие доколку имате возрасни родители, баби и дедовци да им ги пренесете сите важни информации доколку тие не користат интернет.

Google планира да понуди во наредниот период специјализирани верзии на сајтот https://www.google.com/covid19 на повеќе светски јазици и со локални информации од конкретни земји.

Покрај сајтот на Google ние ве советуваме да ги користите официјалните веб страни на Владата и министерството за здравство каде се објавуваат постојано сите службени и потврдени информации како што се https://vlada.mk/covid19 и http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.

Препорачуваме да ги почитувате сите воведени мерки за спречување на ширење на заразата со корона вирусот, и да останете дома, безбедни и здрави. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони