Siri ќе ве тестира за корона вирус

Објавено на 22.03.2020 14:30 во Рецензија


Siri ќе ве тестира за корона вирус

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Основен преглед кој намалува контакт со останати луѓе

 

Negatives:

 

- Дел од функциите засега се ограничени за корисниците надвор од САД



Целата рецензија

Apple лансираше нова верзија на мобилната апликација Siri за правење на брза проверка на симптомите на корона вирусот и ако состојбата тоа го налага да се добие препорака за упатување на преглед на доктор од соодветната област.

Со новата верзија на мобилниот гласовен асистент треба да го поставите прашањето „Hey Siri, do I have coronavirus?“. Потоа ќе започне постапката за утврдување на вашата здравствена состојба со основните параметри. 

„Прегледот“ функционира на тој начин што Siri ќе започне да ви поставува серија на прашања. Истите се однесуваат за најчестите симптоми кои се јавуваат при заразување со корона вирусот, како на пример дали имате температура, сува кашлица, како и недостиг на здив, односно проблеми со дишењето. 

Корисникот на Siri може да одговори со да, не и не сум сигурен. Siri согласно одговорите ќе ви даде соодветна препорака, односно во зависност од тежината на симптомите кој следен чекор да го преземете.

Со ваков виртуелен преглед се овозможува намалена потреба од одење кај матичните лекари или пак посета на клиничките центри со цел избегнување на контакти со веќе заразени пациенти, но и спречување на ширење на вирусот од самиот корисник кој се уште не знае точно што да преземе. Прегледите и тестовите за корона вирусот треба да се спроведат во точно утрведени услови, со изолација од останати луѓе и со соодветна заштита за самиот медицински персонал.

Siri исто така ќе ви даде соодветни препораки како да се заштитите од заразување со корона вирусот, односно со ширење на болеста Ковид-19. Меѓу нив спаѓаат редовно и темелно миење на рацете со сапун и средство за дезинфекција, носење на ракавици и маски кога тоа е потребно и избегнување на контакти преку самоизолација или карантин.

Засега новата услуга на Siri овозможува директно поврзување со итните служби во Соединетите Американски Држави. За корисниците кои се уште ја немаат оваа опција, ви препорачуваме бројот 192 да го внесете во вашиот телефон со брза команда или брзо вртење доколку се најдете во алармантна ситуација. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони