Како 5G технологијата помогна во решавањето на епидемијата на коронавирусот во Кина

Објавено на 24.03.2020 09:00 во Рецензија


Како 5G технологијата помогна во решавањето на епидемијата на коронавирусот во Кина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Борбата против коронавирусот не е готова, но тоа не значи дека немаме позитивни примери од земјите што успеале да го намалат, па дури и да го спречат ширењето. Huawei и Deloitte објавиле заеднички текст за "Совладување на вирусот COVID-19 со помош на 5G: Прилики за подобрување на јавните здравствени системи“, на кој се прикажува на кој начин технологијата ја подобрува ефикасноста за превенција и лекување од пандемија со COVID-19.

Во извештајот се анализира на кој начин се организира контролата и лекувањето на заразените од COVID-19 во Кина, како и на кој начин се организирани и споделувани податоците помеѓу различните институции и засегнатите страни во текот на кризната состојба. Клучен заклучок е дека новите комуникациски технологии и предноста на 5G мрежата, користена во Кина овозможиле голема поддршка како одговор на кризата. Тоа побарувало забрзување на дигиталната трансформација на здравствените системи, со цел со цел да се одговори на итните случаи.

Предностите на новите комуникациски технологии се најизразени во ситуации кога треба да се надгледува голем географски простор и има голема раздвиженост на населението. Големата брзина на преносот и ниската латенција на 5G технологијата се покажале како клучни во решавањето на предизвици во пренос на податоците во кризни ситуации, а технологијата овозможила и импплементација на бројни нови идеи и методи за лекување, поддржани во новите 5G апликации. Новите технологии конкретно, го намалија времето потребно за реакција, го подобрија следењето на пациентите, собирањето на податоци и аналитика, далечинска соработка и распределба на ресурси.

5G апликациите, развиени за контрола на епидемијата во системот на јавното здравство, може да овозможат дополнителен поттик и за развој на поефикасни модели за управување со смарт градовите. Можноста за брзиот пренос на податоци преку 5G мрежите може да се искористат и на различни области при управувањето со просторно планирање, вклучувајќи го планирањето на сообраќајот, смарт системите на јавната безбедност и заштита на околината, но и да ги поттикне локалните власти да истражуваат за создавање на нови модели за управување со градовите. Така ќе се поттикне и приватниот сектор за надградба на тие решенија за комерцијална употреба.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони