Instagram во време на корона вирус - Забавно и во карантин

Објавено на 25.03.2020 17:00 во Рецензија


Instagram во време на корона вирус - Забавно и во карантин

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нови функции на Instagram за поврзување додека трае изолацијата

 

Negatives:



Целата рецензија

Социјалната мрежа Instagram која е омилена меѓу помладата популација воведе неколку новитети за корисниците од кои повеќето сега се во карантин или самоизолација додека трае кризата со ширењето на заразата со корона вирусот. 

Вообичаено на Instagram се објавуваа слики и сторија од излегувања, патувања и ноќен живот, но сега кога сите овие активности се ограничени, корисниците се свртеа кон пренесување на нивните активности во самоизолација или реобјавување на спомени. Затоа Instagram воведе нови функции кои ќе овозможат подобро виртуелно поврзување меѓу пријателите, како и можности за забава додека трае кризата со корона вирусот. 

Co-Watching за заедничко искуство на корисниците при изолација

Еден од новитетите е заедничко скролање по постовите низ Instagram, активност која претходно беше индивидуална, а сега се добива можност за споделување со пријателите. 

Со новата функција Co-Watching на Instagram корисниците преку видео чат со пријател или групен видео чат со пријателите ќе може да разгледуваат постови објавени во Liked и Saved или пак да ги гледаат постовите кои самата социјална мрежа ќе ги препорача.

Замислата на Co-Watching е заедно да се коментира за објавените содржини наместо тоа да се прави изолирано и поединечно без да има потреба од физички контакт додека траат мерките за социјална изолација. 

Придонес на Instagram во борбата со КОВИД-19 пандемијата

Исто така Instagram за да придонесе во поквалитетно информирање за заразата со корона вирусот и за почитување на сите воведени мерки креираше посебен сет на сторија кои корисниците може да ги видат за да се едуцираат:

  • Прикажување на споделена приказна на Инстаграм во која се прикажани сите објавувања од мрежата што ја содржат налепницата „Остани дома“
  • Додавање налепници на приказни кои ги потсетуваат луѓето да ги мијат рацете или да ja задржат оддалеченоста од другите
  • Додавање едукативни информации за корона вирусot на врвот на резултатите за поврзани пребарувања
  • Отстранување на неофицијалните профили COVID-19 од листата на препораки, како и содржина поврзана од делот Explore, доколку не доаѓа од кредибилна здравствена организација
  • Ширење на налепницата за донации во повеќе земји со непрофитни и здравствени организации

Се очекува функцијата Co-Watching да биде дел од понудата на Instagram и по завршување на кризата со КОВИД-19, а истата е инспирирана од социјалната мрежа Squad.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар