Сноуден предупредува дека на државите ќе им се допадне моќта со коронавирусот

Објавено на 27.03.2020 14:50 во Рецензија


Сноуден предупредува дека на државите ќе им се допадне моќта со коронавирусот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Акумулирање на моќ и злоупотреба од коронавирусот;



Целата рецензија

Едвард Сноуден тврди дека на државите ќе им се допадне моќта што ја имаат сега со коронавирусот поради стравот кај луѓето и ќе сакаат да ја задржат и после кризата. Ова се другите опасни последици што ќе ги има подоцна, освен починатите луѓе. 

Следењето на локацијата на корисниците, камерите за препознавање на лицата базирани на вештачка интелигенција, термалните камери, апликациите за надзор, се само некои од начините нак ои државите сакаат да им стават крај на лицата што ја прекршуваат изолацијата и карантинот. Кратката суспензија на цивилните права лесно може да се продолжи и во месеците после кризата.

Прашање на време е колку и дали државите ќе може да се откажат од така стекнатата моќ што одеднаш ја добија и за која често имаат поддршка од страна на јавноста. После завршувањето на пандемијата ќе може да ги користат истите алатки за борба против тероризм, но освен за терористи, може да ги злоупотребат и за следење и шпионирање на политичките непријатели и другите држави со лидери што не им одговараат.

Сноуден посебно предупредување за користењето на вештачката интелигенција и следењето на луѓето, кога AI и препознавањето на лица се користат кај надзорните камери, државите даваат неверојатна можност во секој момент да се знае каде се наоѓаат одредени личности. Многумина ќе кажат дека тоа е во ред, затоа што на тој начин може да се пронајдат и лицата што не се придржуваат до мерките на самоизолација, но критичарите со такви видови на надзор, би сакале да ги видат мерките со кои не се загрозува приватноста на лицата што не се во карантин.

Таквите системи базирани на вештачка интелигенција се исклучително ефикасни. Сноуден смета дека може да бидат закана за слободата на луѓето. Веќе знаат што пребарувате на интернет и веќе знаат каде вашиот телефон се движи. Сега ја знаат вашата брзина на отчукувања на срцето. Што ќе се случи кога заедно ќе почнат да ги користат тие податоци и почнат да ја применуваат вештачката интелигенција на нив, се прашува тој.

Мерките што се носат денес ќе бидат трајни, поради што е важно технологијата што се користи да биде пропорционална на секоја фаза на ширење на пандемијата, при што ќе биде од голема важност „отвореноста на владата и консултацијата со јавноста“ со цел да се обезбеди сите донесени мерки да бидат според законот и со нив да се чуваат основните човекови права.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.