Corona and chill - Како да се дружите безбедно на Netflix?

Објавено на 27.03.2020 17:00 во Рецензија


Corona and chill - Како да се дружите безбедно на Netflix?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нова алатка за заедничко гледање на филмови и серии во услови на самоизолација

 

Negatives:



Целата рецензија

Додека трае кризата со корона вирусот стриминг сервисот за филмови и серии Netflix може да добие и нов слоган - Corona and chill.

Благодарение на новата алатка наречена Netflix party ќе може да се "дружите" со вашите пријатели секако на дистанца во самоизолација и заедно да ги гледате омилените филмови и ТВ серии.



Инсталирајте ја екстензијата Netflix party

Се што ви е потребно е да се логирате на вашиот Netflix профил и да ја инсталирате новата веб екстензија Netflix party за интернет прелистувачот Chrome.

Со неа ќе може да се поврзете заедно со вашите пријатели, да одберете содржина од Netflix која сакате заедно да ја гледате и притоа ќе ги почитувате препораките за седење дома во социјална изолација со цел да не придонесете во ширењето на корона вирусот.



Преку Netflix party ќе може да отворите чат прозорец и да се допишувате со вашите пријатели. На тој начин директно ќе може да ги споделите вашите реакции на сцените или интересни и шокантни моменти од серијата или филмот што заеднички го гледате.

Откако ќе креирате чат прозорец истиот може да го прилагодувате со различни елементи, бои и додатоци, како и да користите голем избор на емотикони и емоџи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар