Zoom фатен како дава информации на Facebook - Што понатаму?

Објавено на 28.03.2020 18:31 во Рецензија


Zoom фатен како дава информации на Facebook - Што понатаму?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Спречено оддавање на податоци на Facebook

 

Negatives:

 

- Разнишана довербата во сервисот на Zoom



Целата рецензија

Zoom, една од апликациите кои се наметнаа во изминатиот период кога многумина се принудени да работат од дома во самоизолација додека трае кризата со ширењето на корона вирусот, се откри дека неовластено оддавала информации на Facebook. 

Компанијата Zoom која стои зад популарната апликација за воспоставување на видео и конференциски повици, откри дека навистина вакви информации биле пренесувани до Facebook без за тоа да бидат информирани корисниците.

Во какви проблеми е Zoom и што тоа значи за компанијата?

Како што наведовме корисниците на Zoom кои се логирале на апликацијата користејќи го нивниот профил на Facebook без да знаат испраќале податоци до социјалната мрежа. Меѓу податоците кои се испраќале преку Zoom до Facebook биле нивната локација, градот во кој живеат и временската зона. Овие детали ги откри Motherboard откако направи анализа на кодот кој го користи Zoom за мобилната апликација за iOs.

Сега, Zoom има нова верзија за корисниците на iPhone со која се отстранува кодот кој бил користен за достава на податоци до Facebook, па доколку сакаат дополнително да ја заштитат својата приватност треба веднаш да ја инсталираат софтверската надградба која е достапна преку App Store.

„Ќе ја отстраниме алатката Facebook SDK и ќе ја конфигурираме функцијата, така што корисниците сè уште ќе можат да се најавуваат со Facebook профил преку својот интернет прелистувач. Корисниците ќе треба да се инсталираат најновата верзија на нашата апликација со цел овие промени да стапат на сила. Искрено се извинуваме за овој превид и остануваме цврсто посветени на заштитата на податоците на нашите корисници “, се вели во изјавата на Zoom.

Ерик С. Јуан, главниот извршен директор на Zoom потенцираше дека на 25 март откриле дека Facebook собира многу повеќе податоци од тоа што е потребно за да функционира апликацијата и затоа им се извинува на корисниците, потврдувајќи дека компанијата ќе направи се зада ја заштити нивната приватност. 

Zoom понатаму ќе биде на лупа на групите за заштита на приватноста на податоците на корисниците и ќе треба добро да се потруди да ги увери дека ги презема сите можни мерки за да се спречи неовластено собирање на податоци и нивно пренесување на трети страни за цели над кои корисниците немаат контрола.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар