СЗО: Играјте видео игри и спречете ширење на корона вирусот

Објавено на 29.03.2020 16:00 во Рецензија


СЗО: Играјте видео игри и спречете ширење на корона вирусот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Стартува кампањата #PlayApartTogether 

 

Negatives:



Целата рецензија

Светската здравствена организација заедно со гејминг индустријата започна голема кампања со цел да порача дека се препорачува да се играат видео игри додека милиони луѓе се затворени дома во самоизолација со цел да ги почитуваат препораките за друштвена дистанца.

Вклучете се во #PlayApartTogether 

Новата кампања наречена #PlayApartTogether ги вклучи најголемите компании од гејминг индустријата кои преку своите канали и видео игри ќе упатуваат пораки до гејмерите да ги преземат сите мерки за спречување на ширењето на заразата со корона вирусот.
Идејата е да се едуцираат корисниците за сите неопходни хигиенски навики, како што е редовно миење на рацете со сапун во рок од најмалку 20 секунди, употреба на средства за дезинфекција, потоа да одржуваат друштвена дистанца, да останат дома додека трае кризата со болеста КОВИД-19.

Меѓу другото идејата на кампањата #PlayApartTogether е да се лансираат специјални настани, награди, зајакнување на гејминг заедницата, и да се понудат многу забавни бонуси за сите гејмери кои ќе играат од дома, но ќе може да се поврзат со другите гејмери на глобално ниво, без притоа да има потреба од воспоставување на физички контакт.

Реј Чемберс, амбасадорот на Соединетите американски држави во СЗО, рече дека, за време на предизвикувачкиот период на коронавирусот, тој аплаудира на „генијалноста на партнерите од сите сектори кои се преземаат напори за да помогнат во борбата против пандемијата на КОВИД-19“.

Како одговори гејминг индустријата на корона кризата?

Радува тоа што во кампањата #PlayApartTogether се вклучија речиси сите големи студија и издавачи на видео игри како Activision Blizzard, Riot Games, Unity, Pocket Gems, Glu Mobile, Zynga, Big Fish Games, но и стриминг сервисите за видео игри како YouTube и Twitch. 

„Никогаш не било поважно да се осигурате дека луѓето ќе останат безбедни поврзани едни со други. Игрите се совршена платформа затоа што ги поврзуваат луѓето преку видикот на радоста, целта и значењето. Горди сме што учествуваме во толку вредна и неопходна иницијатива“, истакна Боби Котик главниот извршен директор на Activision Blizzard.

Инаку овој потег на СЗО е доста позитивно прифатен од гејмерската заедница откако минатата година од оваа организација беше наведена болеста зависност од видео игри како клиничка состојба која треба да се третира што покрена многу дебата за штетните последици од прекумерно играње на видео игри врз социјалниот и психолошкиот аспект на една личност. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар