Samsung Galaxy S20+ Unboxing - Прекрасен дисплеј и силно присуство

Објавено на 30.03.2020 14:30 во Рецензија


Samsung Galaxy S20+ Unboxing - Прекрасен дисплеј и силно присуство

Оцени

usability
9.5


Перформанси
9.5


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Напреден дисплеј

- Совршена камера со бројни иновации

- Супер моќен хардвер

- Голем капацитет на батеријата со брзо полнење

 

Negatives:



Целата рецензија

Додека владее глобална пандемија на корона вирусот, тимот на telefoni.mk одблиску ќе ви го претстави новиот моќен смартфон од премиум класата Samsung Galaxy S20+, за вие да нема потреба да одите по салоните и да ги разгледувате новите модели.

Samsung Galaxy S20+ е средниот по големина смартфон од новото трио на фантастични модели од 2020 генерацијата, со дисплеј од 6,7 инчи. Станува збор за Dynamic AMOLED 2X дисплеј со резолуција од 1440 x 3200 пиксели, 525 ppi густина на слика, поддршка за HDR10+ и голем бонус е refresh rate од рекордни 120Hz.

Што има во кутијата?

Отпакувањето на Samsung Galaxy S20+ ни откри дека внатре во кутијата е содржан супер брз полнач, еден USB кабел, квалитетни AKG слушалки и помошни материјали.

Првите впечатоци од Samsung Galaxy S20+ се навистина одлични, смартфонот покажува силно присуство и веруваме дека многу ќе им се допадне на тие кои сакаат големи смартфони бидејќи е доста цврст и се забележува неговата контура додека го држите во раката.

Големината на дисплејот ќе ви овозможи одлична прегледност на сите видови на содржини, а со бројните апликации на Samsung и Google ќе имате една напредна мобилна работна единица за завршување на професионалните задачи и дневните обврски. 

Забавен, моќен и идеален за мултимедија

Секако, Samsung Galaxy S20+ е совршен смартфон за играње на мобилни видео игри и мултимедија со оглед на неговиот моќен осум-јадрен Exynos 990 процесор, 8 GB работна меморија и 128 GB основна вградена меморија со можност за инсертирање на мемориска картичка за дополнителна меморија.

Во делот на забавата мора да се спомене и неговата Quad камера со примарен сензор од 12 мегапиксели, Dual Pixel фазен автофокус и оптичка стабилизација на сликата.

Селфи камерата е на исто рамниште на квалитет со два сензора од по 10 мегапиксели со Dual Pixel PDAF, Auto-HDR и Dual видео повик.

Samsung Galaxy S20+ користи мега батерија со капацитет од 4500 со можност за супер брзо полнење од 25W, USB Power Delivery 3.0 технологија, а може и безжично да се полни. 

Заклучок

Samsung Galaxy S20+ како модел од премиум класата ќе биде одличен избор за тие кои сакаат врвни перформанси во сите категории, како и најнови расположливи технологии и иновации од прекрасен дисплеј, до супер моќен процесор кој може без „капка пот“ да ги исполни сите зададени задачи и операции. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар