Apple и Google ги здружија силите во борбата против коронавирусот

Објавено на 12.04.2020 08:00 во Рецензија


Apple и Google ги здружија силите во борбата против коронавирусот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Едноставно откривање на позитивни од коронавирус по пат на апликација;
- Спречување на ширењето на коронавирусот;

 

Negatives:

- Намалена приватност на корисниците;



Целата рецензија

Apple и Google случија договор за партнерство во периодот на кризата. Гигантите развиваат технологија што ќе ја предупреди личноста што неодамна дошла до контакт со некој за кого подоцна се утврдило дека е позитивен на коронавирусот.

Според информациите од компаниите, технологијата за следење на контактите ќе биде вградена во iOS и Android оперативните системи во два чекора. Кон средината на на мај смартфоните би требало да добијат можност за бесконтактна размена на анонимни информации преку апликацијата на поединечни јавно-здравствени институции. Ќе бидат објавени и упатства за здравствените установи како да ја вградат оваа можност во своите апликации.

За вториот чекор ќе биде потребно нешто подолго. Во следните месеци оваа технологија би требало да биде вградена директно во оперативните системи со цел следењето на контактите да функционира без никакви дополнителни апликации. Идејата е преку Bluetooth да се разменуваат анонимни податоци кога два корисника се во близина. Овие податоци се чуваат до 14 дена. Ако некоја личност е позитивна на коронавирус, тоа влегува во здравствената апликација и потоа мора да се даде одобрение за испраќање на известување до сите што биле во контакт со неа. 

Apple и Google истакнуваат дека корисниците мора дами да ја вклучат оваа опција, со цел да се избегнат проблеми со приватноста. Факт е дека над три милијарди луѓе од цел свет имаат или Apple или Google телефон, кој им овозможува на сите да се вклучат во овој систем. 

Многумина го поздравуваат ова необично партнерство, но други се загрижени поради фактот што истото подразбира споделување на чувствителните здравствени информации со милијарди луѓе преку нивните смартфони, кои постојано ја дојавуваат нивната локација.

Apple и Google не уверуваат дека приватноста на граѓанинот е загарантирана, оти системот нема да ја одбележи локацијата, а нема ни да ги известува корисниците со кого биле во контакт и кога тоа се случило. Нагласуваат дека целиот овој систем може да се згасне и кога веќе нема да биде потребен.

„Сите ние во Apple и Google веруваме дека никогаш досега не бил толку важен момент за заедничката соработка, со цел да се реши еден од моментално најголемите проблеми во светот. Преку блиската заедничка соработка и во партнерство со развојните програмери, владите и јавните установи, се надеваме дека ќе ја користиме моќта на технологијата, со цел да им помогнеме на земјите од цел свет, да го спречат ширењето на Covid-19 и да го заврзаат враќањето на секојдневниот живот во нормала“, пишува во заедничката објава.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.