Топ совети од Facebook за вашиот бизнис во време на криза

Објавено на 20.04.2020 15:00 во Рецензија


Топ совети од Facebook за вашиот бизнис во време на криза

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Одлични совети од Facebook за промоција на мали бизниси

 

Negatives:



Целата рецензија

Голем број на микро и мали бизниси најмногу се потпираат на алатките на социјалната мрежа Facebook за огласување на нивните активности, понуди, услуги и производи до крајните корисници. Во тешко време на економски застој и криза предизвикана од корона вирусот токму дигиталните алатки за комуницирање, пренос на пораки и огласување може да бидат од голема помош за малите бизниси да преживеат, да направат некоја помала испорака или пак продажба, се додека не заврши пандемијата со корона вирусот.

Затоа Facebook подготви листа на топ совети кои може да ги искористат дигиталните маркетари кои работат за ваков вид на компании, или пак самите сопственици кои и најчесто ги водат своите профили на социјалните мрежи за објави, и огласување на услугите и производите ако немаат доволно буџет да платат професионалец за таков вид на промотивни активности.

Примаме нарачки!

Доколку сте еден од храбрите бизниси кои и натаму обезбедува услуги за населението, како на пример достава на намирници од локална продавница, тогаш добро е и да ги известите локалните муштерии и корисници дека и натаму примате нарачки. Facebook советува во објавите на вашата страна да ги наведете условите за примање на нарачката, времето и сите останати детали за испораката како трошоци и слично.

Купувајте онлајн

Објавете содржини со кои на корисниците ќе им покажете што може да нарачаат онлајн, од која точно веб страна, каква категорија на производи нудите, како ќе се изврши доставата, цената и слични информации кои во време на карантин може многу да ви помогнат да остварите промет.

Продавајте гифт картички

Понудата на картички за подарок се една од најдобрите алатки во е-трговијата, односно доколку на еден корисник му е потребно да купи подарок, а во овие моменти е тешко физички да разгледува производи, многу полесно е да подари некому гифт картичка со која добитникот ќе може сам да одбере производ кој е по негов вкус.

Покажете благодарност

Во ваков тежок период треба да покажете дека вие како и сите други сте погодени од кризата, па затоа изразете им благодарност на вашите поддржувачи, корисници, потрошувачи и клиенти. Дека го цените нивниот придонес и дадете лични примери за општествена одговорност и поддршка на заедницата.

Побарајте поддршка

Секој бизнис се соочува со свој вид на потешкотии, а најмногу погодените индустрии речиси и целосно да ги затворија сите капацитети, како на пример во угостителството, хотелиерството и туризмот. Во овој период може да побарате и од вашите корисници одреден вид на поддршка во вид на донации за да се „одржите“ во живот, но потоа за сите кои ви покажеле поддршка да направите нешто за возврат.

Се надеваме дека дел од овие совети се применливи за вашиот бизнис и обидете се да ги искористите сите бесплатни дигитални алатки.

Бесплатните сток слики за промотивни постови може да ги преземете од следниот линк.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар