Не заборавајте да ги покриете камерите

Објавено на 22.04.2020 20:08 во Рецензија


Не заборавајте да ги покриете камерите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Веб-камерата е лошата страна на деловното и приватното онлајн комуницирање; 



Целата рецензија

Веб-камерите за време на пандемијата се неопходни, но никако не заборавајте да го направите ова кога не ги користите. Живееме во време на мерки за социјално дистанцирање, самоизолација и карантин поради пандемијата со коронавирусот. Се повеќе се свртуваме кон технологијата за да останеме во контакт со најблиските пријатели и колегите од работата, но постојат и оние што ја злоупотребуваат моменталната состојба.

Хакерите се групата што ја злоупотребува ситуацијата со пандемијата, со тоа што сега најлесно се следат луѓето, со оглед на тоа што веќе приватноста на корисниците е значително намалена. Без оглед на тоа која компјутерска апликација ја користите за одржување на контакти со блиските, пријателите или колегите од работа, веб камерата на вашиот лаптоп или компјутер, како и селфи камерата на вашиот мобилен, веројатно никогаш досега не биле толку активни, како во времето на оваа пандемија со коронавирусот.

Вашата камера мора физички да ја покриете

За жал, она што технологијата ни го овозможува во овие тешки времиња, исто така не остава ранливи за онлајн напади од хакери, попознати како "camfecting" (фаќање преку камера). Станува збор за тип на онлајн хакерски напади во кои кибернетскиот влез презема контрола над камерата на вашиот уред, а тоа го прават така што прво го оневозможуваат вклучувањето на сијаличката до камерата на вашиот компјутер, што е всушност знак дека веб-камерата е активна. На тој начин жртвата на нападот и не знае можеби дека некој ја надгледува и снима се што прави.

Многу камери на нашите уреди и понатаму се без заштита, а едно истражување покажува дека над 15.000 веб-камери, приватни и деловни, се отворени за пристап кон хакери и без потреба за вистинско хакирање. 

Исклучен лаптоп - безбеден лаптоп

Кога лаптопот е исклучен, неговата камера не може да се активира, но во режим на хибернација или спиење (sleep), не е таков случајот. Обично луѓето не ги исклучуваат своите лаптопи кога не ги користат, туку ги оставаат во мирување.

Во тој случај веб-камерата не е заштитена и хакерот може да влезе во вашиот компјутер и да ја активира. Ако ништо друго, одете по примерот на шефот на Facebook, Марк Цукерберг, кој и самиот призна дека ја покрива својата веб камера, како и микрофонот на компјутерот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.