Што нуди Messenger Rooms за Facebook и колку е безбеден?

Објавено на 25.04.2020 17:23 во Рецензија


Што нуди Messenger Rooms за Facebook и колку е безбеден?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Бесплатна алатка за групни разговори до 50 корисници

 

Negatives:

 

- Нема обезбедно целосна енкрипција на разговорите



Целата рецензија

Facebook побрза да ја искористи приликата која се нуди на пазарот на апликации за воспоставување на групни аудио и видео конференциски повици додека повеќето од вработените се дома по препораките на властите за да се спречи брзото ширење на корона вирусот. Додека нов шампион станува апликацијата Zoom, од „мозокот“ на Марк Цукерберг излегува нов производ на гигантот Facebook кој апсолутно мора да биде присутен на сите можни онлајн платформи.

За таа цел лансирана е новата апликација Messenger Rooms која нуди бесплатно воспоставување на групни аудио и видео повици за одржување на координативни состаноци, но и на поврзување на корисниците додека се принудени да седат дома и да практикуваат социјално дистанцирање од нивните роднини и пријатели.

Што нуди Messenger Rooms?

Новата апликација Messenger Rooms овозможува воспоставување на групни повици во кои може одеднаш да учествуваат до 50 корисници. За влегување во „чатот“ не ви е потребна корисничка сметка или профил на Facebook. Исто така функционира и системот на покани, па може било кој да го повикате да се приклучи со соодветен линк за придружување на групниот разговор.

Тој што ќе го креира повикот има апсолутна контрола на разговорот и може да покани било кого, да постави забрана за вклучување, како и да исклучи одреден соговорник доколку истиот не се придружува на правилата.

За разлика од Zoom кај апликацијата Messenger Rooms нема ограничување од 40 минути, па така разговорите може да траат практично неограничено, односно толку колку што им е потребно на корисниците.

Ја гарантира ли Facebook приватноста на разговорите?

Една од слабостите на повеќето апликации за воспоставување групни разговори е тоа што не се применува целосна end to end енкрипција, па така постои опасност за нарушување на приватноста на корисниците. Од Facebook велат дека е многу тешко да се примени целосна енкрипција во разговор во кој учествуваат 50 корисници. Затоа компанијата на Цукерберг тврди дека сите содржини кои го споделуваат корисниците се чуваат на сервери во неколку земји каде важат строги правила за заштита на приватноста на податоците.

Финални забелешки

Messenger Rooms како и многу други слични апликации нуди голем број на можности за поврзување на корисниците, за споделување на фајлови и содржини, многу алатки кои се од голема корист за малите и средните претпријатија кои на овој начин добиваат бесплатен софтвер за конференциско поврзување. Во ера на социјални медиуми и „жртвување“ на своите податоци за бесплатно користење на апликациите како Messenger Rooms повеќето од корисниците најверојатно нема ни да помислат како може нивните податоци да бидат искористени. Тоа е практично нова норма, нов начин на прифатено поведение, а за евентуални последици ќе се мисли подоцна.

Останува на преференците на корисниците дали ќе ги користат апликациите за масовни групни разговори како Zoom, Houseparty и Messenger Rooms на Facebook бидејќи сите имаат свои предности и недостатоци, но генерално се многу корисни особено сега во услови на здравствена криза со пандемијата на КОВИД-19. Што мислите вие за Messenger Rooms?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар