Huawei P40 Pro - Врвот на еволуцијата на премиум класата

Објавено на 28.04.2020 09:43 во Рецензија


Huawei P40 Pro - Врвот на еволуцијата на премиум класата

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
9.0


Камера
9.5


резултат
9.1


Наши забелешки

Positives:

 

- Врв на еволуцијата на премиум смартфони на Huawei

 

Negatives:



Целата рецензија

Продолжуваме со серијата на Unboxing видеа на telefoni.mk. Овој пат го имаме одличниот Huawei P40 Pro кој претставува врвот на еволуцијата на премиум класата на Huawei. Новиот Huawei P40 Pro кој од неодамна е достапен и на македонскиот пазар е фантастично склопен смартфон кој имавме можност одблиску да го погледнеме. 

Внатре во кутијата се содржани еден супер брз полнач, слушалки што секогаш е одличен додаток за корисници, како и USB кабел за полнење на батеријата и пренос на податоци.
Huawei P40 Pro е вистинскиот одговор на кинескиот бренд во премиум класата и е убедливо нивниот досега најконкретен смартфон со најмодерна технологија и значителни подобрувања на камера за пресретнување на кренатите критериуми од конкурентите. 

Huawei P40 Pro располага со 6,6 инчен дисплеј во дијагонала со OLED технолгија и висок степен на резолуција како и густина на слика од 441 пиксел на еден инч. Кога го држите смартфонот во рака иако неговиот екран е доста голем ќе се уверите во неговата ергономија, конкретност на аглите преку унапредениот дизајн, како и неговата леснотија на држење со квалитетни материјали на задната страна и чиста стаклена површина на предната страна 

Смартфонот го активиравме со скенер за отпечатоци кој е доста брз и нуди дополнителна заштита на податоците на корисникот и можност за верификација при онлајн и мобилни трансакции. 

Huawei P40 Pro работи со осум-јадрен Kirin 990 процесор и има поддршка за 5G технологија која се надеваме дека што побрзо ќе биде активирана од македонските оператори за да може да ги искусиме сите новитети.

Huawei P40 Pro има батерија со капацитет од 4200 mAh и супер брзо полнење од 40W, исто така може да се полни и безжично.

На задната страна има четири сензори на главната камера од кои примарниот располага со 50 мегапиксели и оптика на Leica. Селфи камерата има два сензори, a примарниот 32 мегапиксели. 

Huawei P40 Pro работи со Huawei Mobile Services за пристап до сите популарни софтверски алатки и апликации, па затоа ќе треба да го користите новиот маркет AppGallery кој постојано се збогатува со се поголем избор на апликации и игри. Исто така за максимизирање на ефикасноста на уредот достапни се и неколку уникатни апликации на Huawei кои ќе ви бидат од голема корист како што се:

-         PhoneClone

PhoneClone е одлична апликација која служи за пренос на сите податоци од вашиот старт смартфон во новиот Huawei P40 Pro вклучувајќи ги претходно симнатите апликации, контакти, белешки и други податоци. 

-         Ако вашиот стар телефон е исто така Huawei, веројатно ја имате оваа апликација веќе инсталирано.

-         Ако вашиот стар телефон е друг телефон со Android, можете да ја преземете апликацијата PhoneClone од PlayStore.

-         Ако вашиот телефон е iOS, можете да ја преземете PhoneCloneод AppStore и можете да ги клонирате податоците, фотографиите, видеата, итн, но не и вашите апликации.

Во секое сценарио, проверете дали PhoneClonе апликациите се ажурирани и на двата смартфона. Исто така, можете да изберете што да клонирате, а подоцна можете да го користите PhoneClone и да клонирате некоја апликација од друг паметен телефон со Android. 

-         AppGallery

Кога ви треба нова апликација, најпрво проверете дали е во AppGallery. Ако сè уште не е таму, еве ја следната опција која може да ја искористите:

-         MoreApps

Aлатката  More Apps е дел од App Gallery и тука ќе ги најдете топ апликациите кои се и најчесто симнувани како што се Facebook, Instagram, Viber, WhatsApp, Linkedin и уште многу други. Исто така во самото мени на MoreApp има можност за откривање на нови апликации и нивно пребарување при што се прикажуваат трите топ избори, дел од нив може да се линкови за директно симнување, а дел од нив до надворешни сервиси како example ApkPure, ApkMirror, Amazon и други. Може апликацијата да ја симнете од било кое место.

Huawei P40 Pro како целина е одличен смартфон за користење на мултимедија, забава, правење на слики и видеа со високо ниво на професионалност, па затоа моментално е еден од најатрактивните уреди во премиум класата. 

Наскоро очекувајте многу повеќе детали за перформансите на Huawei P40 Pro и неговите новитети. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар