Google Meet сега е бесплатен - Стравува ли Zoom?

Објавено на 29.04.2020 16:38 во Рецензија


Google Meet сега е бесплатен - Стравува ли Zoom?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Целосен бесплатен пристап до Google Meet додека трае кризата

 

Negatives:

 

- Апликација која повеќе е фокусирана на веб и десктоп, отколку на смартфон



Целата рецензија

Google малку задоцни во справувањето со неверојатниот Zoom кој направи огромен успех во време на криза предизвикана од корона вирусот со сервисот за видео состаноци. Сепак, подобро подоцна отколку никогаш, па затоа на сцена стапува Google Meet, апликација која претходно беше достапна само за бизнис корисниците преку G Suite пакетот на канцелариски апликации како и за образовните институции.


Google Meet бесплатен додека трае кризата

Google донесе одлука да овозможи целосно бесплатно користење на апликацијата Meet додека трае корона кризата. Притоа до 100 корисници истовремено ќе може да се поврзат на една конференциска врска. За разлика од Zoom засега кај Google Meet нема ограничувања за тоа колку ќе трае еден повик во бесплатната верзија. За потсетување кај Zoom ограничувањето е поставено на 40 минути.



Безбедноста силна страна на Google Meet

Главната разлика кај Google Meet е тоа што не може било кој да се вклучи во активен разговор без оглед дали има добиено покана. Поточно за да го користите Google Meet неопходно е да имате активна и валидна корисничка сметка на Google која ќе ви биде главна за најава и влез во еден групен разговор.

Токму оваа опција може да спречи злоупотреби како Zoobombing новото онлајн тролање со кое се упаѓа во групни разговори, а некои неодговорни корисници особено во образованието пуштаат намерно и порнографски содржини или други видови на пренкови. Такви проблеми не се очекуваат кај Google Meet каде администраторот на групниот разговор има целосна контрола над тоа кој ќе се приклучи и што може да сподели.

Веб апликација

Google Meet е првенствено веб апликација и е идеална за користење на десктоп уреди па така работата од смартфон може да има одредени ограничувања. Google Meet е наследство од апликацијата Google Hangouts кој претрпе бројни измени за видео повици и пораки, а сега постепено ќе се преточи целосно во Meet како на бесплатната така и на бизнис верзијата. Бидејќи е веб апликација и не зависи од други партнери надградбите и стабилноста на Google Meet, а со тоа и нејзината стабилност треба да се гарантирани.

Финални забелешки

Единствена поголема забелешка е што од септември доколку до тогаш заврши кризата или барем се ублажи пандемијата повторно бесплатната верзија ќе има ограничени функции за корисниците да се префрлат на платената верзија на Google Meet преку G Suite. Една од нив е разговорот да трае само 60 минути. Во секој случај, во наредните месеци Google Meet ќе биде одличен избор за воспоставување на групни видео повици сосема бесплатно што сега и најмногу им е потребно на компаниите со намалена економска активност.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар