Epic Games ќе ви дава бесплатни игри само ако сте безбедни

Објавено на 30.04.2020 14:21 во Рецензија


Epic Games ќе ви дава бесплатни игри само ако сте безбедни

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Зголемена сигурност на профилите на гејмерите

 

Negatives:



Целата рецензија

Едно од најуспешните и најбогати студија за видео игри Epic Games од своите корисници ќе бара да ја зајакнат сигурноста на нивните профили доколку сакаат да инсталираат бесплатни игри. Epic Games вообичаено речиси секоја недела има нов наслов кој само во тој период е бесплатен за инсталирање. Исто така има богат ростер на игри кои се целосно бесплатни за играње, а меѓу нив најпопуларна е секако Fortnite.

Воведување на двостепена верификација

Ланчерот на игри на Epic Games сега задолжително бара од сите корисници да воведат двостепена верификација на нивниот профил пред да може бесплатната игра која се нуди на акција да ја додадат во нивната листа на посакувани, а потоа и на инсталирани игри.

За да ја активирате двостепената верификација потребно е да одите во менито за кориснички профил. Во делот на лозинка и безбедност ќе го најдете копчето наречено TWO-FACTOR AUTHENTICATION. Тука имате широк избор на методи за дополнително потврдување на идентитетот на корисникот. Една од нив е AUTHENTICATOR APP која на секое дополнително логирање ќе ви обезбедува сигурен, заштитен и приватен код за влез во менито за преземање на бесплатната видео игри.

Од останатите методи кои се на располагање корисниците може да обезбедат верификација преку добивање на безбедносен код преку СМС порака за што треба да остават валиден телефонски број.

Исто така може да одберете пораките со кодови за потврда да ви стигнуваат на поврзаната маил адреса која сте ја искористиле за креирање на кориснички профил на Epic Games ланчерот за игри.

Откако ќе одберете еден од методите на двојна верификација понатаму може да го откажете и да изберете некој од останатите кои се понудени. 

Зошто се воведува двојна верификација?

Процесот на двојна потврда на профилот според соопштението на Epic Games ќе трае се до 21 мај, и одвреме навреме од корисникот ќе се бара да примени двостепена верификација на профилот. Според Epic Games ова го прават за да ги мотивираат корисниците да ја зајакнат својата безбедност при играње и симнување на видео игри.

Останати причини за воведување на овој дополнителен чекор од страна на Epic Games не се наведени. Имено, додека трае пандемијата со КОВИД-19 голем дел од гејмерите се дома и имаат повеќе слободно време на располагање за видео игри. Можеби навистина е зголемен бројот на профили кои ги користат само бесплатните наслови за играње, а други пак преку малициозни методи се обидуваат да добијат пристап до профили кои имаат богата библиотека со видео игра, па на тој начин неовластено да ги преземат игрите. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар