Коронакризата им докажа на корисниците дека „не им треба компјутер“

Објавено на 05.05.2020 14:30 во Рецензија


Коронакризата им докажа на корисниците дека „не им треба компјутер“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Raspberry Pi како евтина варијанта со доволно добри перформанси;

 

Negatives:



Целата рецензија

Компаниите и потрошувачите за време на коронакризата открија нови и иновативни начини како да го прават тоа онлајн или како да го скратат времето со други облици на активности на интернет: компјутерски игри, гледање филмови и слично. На тој начин покажаа колку е широка и разновидна понудата на компјутерските уреди.

Милиони луѓе работеа од дома во минатиот период. Тоа создаде голем притисок кај технолошките тимови во компаниите што добиле задача за да ја овозможат работат од дома возможна. Персоналниот компјутер затоа е важна алатка за работа и забава од дома, кој веќе неколку години е во опаѓање, а истото продолжило и во последните три месеци.

Поради малите количини на компјутери, корисниците се свртеле кон Raspberry Pi. Оваа компанија забележала огромен раст на продажба на своите уреди за време на коронакризата. Најновиот Raspberry Pi е мал, но доволно моќен за да може да ја преземе улогата на евтин персонален компјутер. Порасна и продажбата на компјутерот Chromebook, кој е поедноставен за користење и работа од компјутерот Raspberry Pi.

Купувањето на алтернативата не било единственото решение во минатиот период, затоа што некои институции и компании ги извадиле старите преносни компјутери и инсталирале Linux за да ги направат употребливи и способни за работа од дома. Linux OS е софтвер што не бара моќни перформанси, како што бара оперативниот систем на Windows.

Ништо од наведеното не значи дека класичниот компјутер стана редундантен, но се уште се тука и компјутерите на кои се потпира светот на бизнисот и многу домаќинства. Новонастанатата ситуација само покажа дека за нив постои адекватна алтернатива. Премногу рано е да се каже како ќе се одвиваат нештата во иднина, но луѓето од дома веројатно ќе работат уште некое време, што би можело да заземе поголема улога во нашите животи, одошто тоа беше досега. Досега, кога стануваше збор за компјтерски уреди, размислувањето беше - или имаш компјутер или немаш компјутер. Коронакризата го докажа сосема спротивното.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.