Како едноставно да ги бекапирате сликите од Facebook на Google

Објавено на 07.05.2020 20:00 во Рецензија


Како едноставно да ги бекапирате сликите од Facebook на Google

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Едноставен начин за префрлање на слики од Facebook на Google Photos;

 

Negatives:



Целата рецензија

Многумина секојдневно објавуваат фотографии на Facebook и во текот на користењето на Facebook може да се соберат над илјадници фотографии. За оние што сакаат да ги бекапираат тие фотографии и видеа, или пак сакаат да ги префрлат на друг сервис, постои едноставно решение, со кое може со само неколку кликови да се префрли содржина на Google, односно Google Photos.

Притоа мора да водите сметка за просторот што ви е достапен на Google - на сите корисници за почеток им се доделени 15GB што се користат и за Gmail и постојните меморирани фотографии, така што достапната количина на простор за повеќето корисници сепак нема да биде доволно. 

За префрлање на фотографии од Facebook на Google прво треба да одите на поставките во горниот десен агол на екранот и таму да кликнете на „Вашите информации на Facebook“. Тука се наоѓа опцијата „Пренесете копија од сите фотографии или видеа“, а кога ќе одберете „Прикажи“, ќе се појави опцијата што го одбира местото каде што меморирате, т.е. ја бекапирате содржината.

Моментално на местото за одредиште е достапен само Google, односно Google Photos, па така треба да кликнете на таа опција и да одберете дали сакате да ги префрлите фотографиите или видеата. Потоа треба само да го потврдите профилот и да ја внесете шифрата за Facebook, со што давате дозвола на апликацијата за префрлање на содржината. За крај треба да кликнете на потврдата за пренос и префрлање на содржините за да почнете.

Префрлањето на податоците трае во зависност од количината на содржината и брзината на интернетот. Кога трансферот ќе биде готов, Facebook ви испраќа известување за тоа. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.