Huawei App Gallery - Како функционира и што нуди новиот маркет на апликации?

Објавено на 11.05.2020 10:01 во Рецензија


Huawei App Gallery - Како функционира и што нуди новиот маркет на апликации?

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Значајно решение на Huawei за замена на Google Play Store

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei за дел од своите нови смартфони како што е серијата Huawei P40 повеќе не може да се потпре на поддршката од Google поради забраната за соработка од страна на Владата на САД, па затоа на сцена настапува новото решение преку сопствениот маркет за апликации Huawei App Gallery.

Корисниците на Android кои се навикнати на работа со Google Play Store ќе треба подобро да се запознаат со опциите кои ги нуди Huawei App Gallery како достојна замена или барем привремено решение.

Се додека не се постигне конечен договор меѓу САД и Кина за трговските односи и регулирањето на технолошките компании се поизвесно е дека актуелната забрана ќе остане на сила. Секако, Huawei продолжува да лансира одлични смартфони како Huawei P40 моделите, па така корисниците треба да добијаат соодветен начин за пристап до омилените и популарните апликации.

Како функционира App Gallery?

Huawei App Gallery сега е во главен фокус на кинеската компанија, па така секојдневно се повеќе расте и поддршката од девелоперите на апликации и мобилни игри и нивниот избор постојано се зголемува.

 

Huawei App Gallery се труди на корисникот да му ги обезбеди сите сервиси на кои претходно бил навикнат, па затоа креативноста на Huawei за подобрување на понудата тука доаѓа до силен израз.

Имено, апликациите кои се уште не се дел од Huawei App Gallery може да се најдат преку линк или до APK фајлот од официјалниот извор за надворешна инсталација, или пак преку линк од нивната активација кој најчесто води до официјална веб страница.

Исто така постои можност за корисникот преку овие чекори избраните апликации да ги постави како икони за брз пристап од главното мени. Ова важи особено за корисниците кои се навикнати на употреба на Google Apps, па така преку Huawei App Gallery може да пристапите до веб линковите за Google Maps, Google Translate, и Google Drive и истите да ги додадете како кратенки на почетниот екран.

Подобрување на самиот App Gallery маркет

Huawei направи и голем исчекор во преуредување на самиот маркет во App Gallery со подобра прегледност на топ апликациите, подобра категоризација и поделба во сегменти, отстранување на лажни и плагијат апликации, подобар и поголем приказ на детали за самата апликација, како и приказ на нивни оценки и рецензии од страна на корисниците.

Корисни алатки и совети за корисниците на App Gallery

PhoneClone

PhoneClone е одлична апликација која служи за пренос на сите податоци од вашиот старт смартфон во новиот Huawei P40 Pro вклучувајќи ги претходно симнатите апликации, контакти, белешки и други податоци.

- Ако вашиот стар телефон е исто така Huawei, веројатно оваа апликација веќе ја имате инсталирано.

- Ако вашиот стар телефон е друг телефон со Android, можете да ја преземете апликацијата PhoneClone од PlayStore.

- Ако вашиот телефон е со iOS оперативен систем, можете да ја преземете PhoneClone од AppStore и можете да ги клонирате податоците, фотографиите, видеата, итн, на новиот Huawei смартфон кој ќе го користите, но не и вашите апликации бидејќи се од друга платформа.

Во секое сценарио, проверете дали PhoneClonе апликациите се ажурирани и на двата смартфона. Исто така, можете да изберете што да клонирате, а подоцна можете да го користите PhoneClone и да клонирате некоја апликација од друг паметен телефон со Android.

AppGallery

Кога ви треба нова апликација, најпрво проверете дали е во AppGallery. Ако сè уште не е таму, еве ја следната опција која може да ја искористите:

MoreApps

Aлатката More Apps е дел од App Gallery и тука ќе ги најдете топ апликациите кои се и најчесто симнувани како што се Facebook, Instagram, Viber, WhatsApp, Linkedin и уште многу други. Исто така во самото мени на MoreApp има можност за откривање на нови апликации и нивно пребарување при што се прикажуваат трите топ избори, дел од нив може да се линкови за директно симнување, а дел од нив до надворешни сервиси како ApkPure, ApkMirror, Amazon Store и други. Апликацијата може да ја симнете од било кое место.

Финални забелешки

Huawei App Gallery како продукт кој од неодамна стана во главен фокус на брендот направи добар исчекор за прилагодување кон модерните потреби на корисниците и засега е на добар пат да замени добар дел од можностите кои ги нуди Google Play Store.

Како алатка за инсталирање и менаџирање на апликации Huawei App Gallery функционира сосема добро без некои проблеми или пречки со кои би се соочиле корисниците. Секако, факторот време ќе биде доста важен па така во наредниот период Huawei ќе ги покаже сите напори за зголемување на бројот на девелопери, а со тоа ќе има и се поголем избор на апликации и сервиси за корисниците.

Huawei App Gallery е добро решение и надополнување на новите софтверски решенија на брендот кои овозможуваат непречено функционирање на смартфони од топ класата како Huawei P40, но како што наведовме и на самиот почеток потребно ќе биде и прилагодување на корисниците на новите алатки кои веќе се навикнати на употреба на Google Play Store.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар