Доаѓа времето на дигиталните номади - Што значи тоа?

Објавено на 18.05.2020 14:00 во Рецензија


Доаѓа времето на дигиталните номади - Што значи тоа?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Слобода на избор со работа од било кое место во светот, каде сакате да живеете;

 

Negatives:

- Огромен број на отпуштања;



Целата рецензија

Се забавувавме на екраните, а патувавме поради работа. Тоа сега ќе се промени, а во иднина доаѓа времето на дигиталните номади. Наместо подготовка за излегување на берзата кое порано беше планирано за 2020 година, извршниот директор на Airbnb, Брајан Чески, морал да напише писмо со кое најавува отпушвање на дури 1800 вработени. Тоа е еднакво на една четвртина од вкупнот број на вработени.

Додека размислува како да опстане и преживее во моментите кога цел свет е затворен во своите домови, а туризмот исчезна преку ноќ, Чески размислува како ќе излгеда индустријата со патувањата и туризмот после коронакризата, со цел тој нов нормален период на Airbnb да го дочека спремен.

Во разговор со Business Insider, зборувал за промените во начинот на работење и бизнис патувањата. Една од тие нешта би можеле да ја карактеризираат иднината за многумина, особено за младите луѓе, е слободата да работат од кое место сакаат. Таквите дигитални номади нема да бидат врзани не само за уредите, туку ниту за своите куќи и ќе патуваат низ светот и ќе работат од кое место сакаат. Во таквата ситуација и Airbnb ја гледа својата прилика, затоа што дигиталните номади ќе бараат туристичко сместување, но на малку подолго време, а не само на недела или две.

Дигиталните номади така ќе може да работат од плажа или оддалечени села, доколку сакаат да избегаат од пренаселените градови. За тоа ќе им биде потребен само компјутер и интернет врска. Предуслов за да дојде до тоа е вирусот SARS-CoV-2 да стане минато, да се пронајде лек или вакцина против него. 

Како и некои други експерти што веќе зборуваа за оваа тема, така и Чески предвидува дека, барем на почетокот, патувањата на оддалечени дестинации ќе бидат заменети од пократки патувања со автомобил и со текот на времето ќе бидат охрабрени и со преку-океански летови.

Уште една промена што Чески ја очекува се бизнис патувањата - вели дека пред короната многу патувавме за работата и потоа се забавувавме на екраните, што во иднина исто така би требало да се промени. Бизнис патувањата би можеле да ги заменат екраните, односно Zoom и видео конференциите, а забавата, наместо на екраните ќе ја бараме во вистинскиот свет и патувањата.

Значи, имаме негативен исход со енормен број на отпуштања, што нема да се случуваат само во оваа компанија, туку ќе ги има на глобално ниво, но од друга страна ќе имаме професии што ни дозволуваат да работиме од каде сакаме, овозможувајќи ни слобода на избор.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.