Коронавирусот го стопираше развојот на „градот од иднината“

Објавено на 28.05.2020 07:30 во Рецензија


Коронавирусот го стопираше развојот на „градот од иднината“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Напредна технологија со олеснување на секојдневието на човекот;

 

Negatives:

- Лош начин на снимање на личните податоци на корисниците;



Целата рецензија

Смарт градовите се обидуваат да станат паметни имплементирајќи одредени опции и сензори за собирање на податоци и управување со инфраструктурата. Таа технологија сепак мора да се прилагоди кон моменталната состојба и инфраструктурата што се гради во некои други и поинакви времиња. Компанијата Sidewalk Labs, која е дел од Google, т.е. Alphabet, на крајбрежјето на Торонто добила дозвола за изградба на тотално новиот кварт Quayside, кој ќе биде пример за технолошки напреден град од иднината.

Тој кварт треба да наоѓа примена како тестен полигон за бројни нови технологии, кои би требало да се покажат како успешни и корисни, а дополнително би можеле да се користат и во други градови. Во Quayside така би се тестирале роботи што би изнесувале ѓубре, а патиштата првенствено би биле наменети за луѓето на кои примарно превозно средство би им било велосипед, ромобил, без автомобил. Се разбира, планирани се и патишта за автомобили, но планот бил со нив да се возат автономни автомобили, т.н. таксија со кои би управувале компјутери, со цел да се намали бројот на возила на патиштата.

Развојот на проектот почнал уште од крајот на 2017 година и Alphabet во него требало да вложи 900 милиони долари. Неодамна од компанијата објавија дека сепак се откажува од проектот. Така квартот од иднината што беше преполн со сензори за собирање на различни податоци преку ноќ стана - минато.

Причина за откажување од проектот е коронавирусот, односно целокупната ситуација и бизнис несигурноста, која се поврзува со карантинот, згаснување на работните места и ширењето на зараза. Се покажува дека тој проект не е финансиски одржлив, освен ако не се жртвуваат некои клучни делови од планот, кои се развиени во текот на минатита година и половина, поради што компанијата на крај се откажа од цел проект.

Од Sidewalk Labs сепак веруваат дека некои идеи што ги развиле за Quayside може да се искористат во решавање на големи урбани проблеми, особено во областите на достапноста и одржливоста. Но, нема сите да жалат.

Google се откажува од квартот на иднината бидејќи проектот константно бил на удар на критики и го следеле контроверзи, најмногу поради начинот на кој би се собирале податоците и се користеле. Поради тоа некои вработени ја напуштиле компанијата и проектот, како што се консултантите за приватност, оти минатата година дал отказ оти не се согласувал со начинот на кој компанијата ги собирала податоците на корисниците.

Прашање е дали Google повторно ќе го заживее овој проект кога ќе помине коронакризата, каде ќе може да тестира нова технологија или благодарение на ова искуство ќе стане многу повнимателен и нема да троши време, луѓе и ресурси на несигурни проекти.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.