Големо „ДА“ за Huawei Y7 (2019)

Објавено на 29.05.2020 07:30 во Рецензија


Големо „ДА“ за Huawei Y7 (2019)

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.4


Цена
10.0


Камера
9.5


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

- Ниска цена;
- Одличен дизајн со „капка роса“;
- Долготрајна батерија;
- Солидни перформанси;

 

Negatives:

- Нема USB-C конектор, бавно се полни;
- Видео снимање без стабилизација



Целата рецензија

Huawei се препознава по своите топ модели со врвни перформанси и прекрасни камери со препознатлив дизајн и многу добрите модели во ниски категории. Евтините телефони даваат многу за вложените пари, а меѓу нив е и Y серијата, која доби своевиден топ модел во стилот на Y7 (2019). Неговата цена не е голема, што можеме да очекуваме од него?

Дизајн

Huawei Y7 е еден од главните адути на кинескиот производител во буџетските категории, па станува јасно дека морало да биде посветено внимание кон дизајнот. Телефонот е скап и атрактивен, особено во црвена боја. Материјалот на изработка е пластика, што не не изненадува во оваа ценовна класа. Релативно е габаритен, иако не премногу, особено ако имаме во предвид дека пристигнува со голема батерија.

Можеме да кажеме дека со изгледот не потсетува на P Smart, со тоа што е нешто поголем, а и долниот раб е нешто подебел. Исклучително убав впечаток ни остави дизајнот, а најмногу цената. 

Хардвер

P Smart под хауба има Hisilicon Kirin 710 процесор, но овде го имаме Snapdragon 450. 8 јадрениот процесор сам по себе не е лошо решение, што е видливо и по перформансите. Јадрата на Snapdragon 450 работат со 1,8 GHz. Станува збор за 14-нанометарски чипсет, кој во принцип е доволен за основно користење. Со Adreno 506 графички процесор, ќе послужи сосема фино и ќе овозможи релативно добро ниво на перформанси. Телефонот доаѓа со 3GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија.

Софтвер

Huawei Y7 2019 е со Android 8.1 Oreo оперативен систем, во комбинација со EMUI 8.2 кориснички интерфејс и прединсталирани апликации. Еден дел од апликациите бараат да имате Huawei ID и да бидете логирани на нивниот сервис. Разбираме зошто се прави тоа, но едноставно не сакаме кога не тераат на тоа, па ви оставаме проценка колку ви се допаѓа тоа. Сепак голем број на апликации може и да се деинсталираат. 

Од безбедносен аспект и напредна технологија тука е скенерот за отпечатоци на прсти, сместен од задната страна на телефонот. Одличен и доверлив, брзо го отклучува уредот и овозможува пристап на корисникот. Од друга страна, системот за препознавање на лицето се потпира само на камерата, па со самото тоа не е секогаш прецизен и во самрак или во мрачни простори дефинитивно не работи добро.

Дисплеј

Екранот на Huawei телефонот е IPS со големина од 6,26 инчи, резолуција од 1520 x 720 пиксели, што значи дека поддржува само HD+ резолуција. Ништо не е чудно за оваа категорија, но дефинитивно би сакале нешто поинакво. На пример, P Smart нуди 2340 x 1080 пиксели за некоја илјадарка повеќе. Дизајнерски екранот е изработен со Dewdrop display, како што Huawei го нарекува тоа, т.е. „капка роса“. Тоа му овозможува и поголема естетика на телефонот.

Батерија

Y7 има батерија со капацитет од 4000 mAh, што значи дека е фантастичен во неговата автономија, на ниво на предводниците. После 10 часа гледање на YouTube видеа, на располагање има уште 49% батерија, единствената мана на оваа батерија е што побавно се полни смартфонот. Како што е веќе претпоставувате, не е овде новиот USB-C влез за полнење. 

Камера

Y7 2019 притигнува со предна камера од 8MP и задна камера од 13+2MP, каде помалиот сензор служи за реализирање на ефекти на длабочина. Софтверот веќе неколку пати го видовме и лесно се препознава, нема ноќен режим за снимање, што веќе тука цената го нагласува тоа, што е нормално.

Главниот сензор на камерата има отвор на бленда од f/1,8, и потпомогнат е со LED блиц, како и Phase Detection автофокус, што секако може да помогне за позитивниот впечаток кога станува збор за брзина на работата на камерата. Нашите впечатоци овде не се разликуваат од оние како кај P Smart моделот. Селфи сликите се сосема коректни, има една камера од 8MP и тоа е супер. Видео снимањето е со 30fps снимање, што значи дека нема многу добри перформанси во овој поглед.

Заклучок

Се што досега рековме не води кон прашањето, дали овој модел на смартфон се исплаќа за парите? Да, затоа што се работи за телефон со солидни перформанси во сите сегменти, општо земено. Вакви перформанси може само да сонуваме кај други модели, кој ни се испорачува за само 200 евра, a кај многу дилери за готовинско плаќање се продава и за 150 евра. Нашиот конечен одговор за Huawei Y7 (2019) е ДА. Вашето мислење пишете ни го во коментар.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.