Како да закажувате објави на Twitter?

Објавено на 31.05.2020 13:06 во Рецензија


Како да закажувате објави на Twitter?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Можност за драфтирање и закажување на објави

 

Negatives:

 

- Нема синхронизација меѓу мобилната и десктоп апликацијата за увид во закажаните твитови



Целата рецензија

Twitter периодов е најактулен по тоа што започна да ги обележува твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп кои содржат невистинити тврдења или пак ги истакна дека промовираат насилство како за твитот дека ќе биде ангажирана војската за справување насилните протести кои избија по убиството на невооружениот Џорџ Флојд кој беше задушен од полицијата при апсење.

Сепак, тоа што е поважно за самите корисници е воведувањето на неколку нови опции кои го прават Twitter полесен за користење, особено за тие кои имаат многу објави во текот на денот, како и за корисници кои пишуваат коментари и водат дискусии на твитовите.

Воведено закажување на твитови, како да го искористите?

Twitter по примерот на Facebook Pages, а од неодамна и на Facebook Creator Studio воведува можност за зачувување на објави како драфт. Штом твитовите ги зачувате со целата содржина која ја планирате, потоа може истите да ги закажете. Одбирате точно време кога сакате твитот да биде објавен во вашиот распоред. За оваа активност ќе имате целосен увид во објавите, како и план за работа.

Можноста за закажување на твитови е од голема помош за сите објавувачи, како што се медиуми, блогери и фриленс новинари, бидејќи може да го испланираат работниот ден, да ги распоредат веќе сработените постови и да се фокусираат потоа на следните содржини.

Секако, закажувањето на објави на Twitter доаѓа од комерцијални побуди, бидејќи оваа мрежа во голема мера е зависна од брендовите и компаниите за рекламирање и испраќање пораки до корисниците, најчесто духовити и досетливи со цел да одговорат на таргет публиката која е дел од социјалната мрежа и нејзините навики.

Една од забелешките е што не постои засега синхронзација помеѓу сочуваните драфт објави на Twitter на мобилната и на десктоп верзијата. Закажаните објави без оглед од каде се сочувани ќе се објават на Twitter, но корисникот нема увид што се закажал од двете различни верзии на апликацијата. Најверојатно оваа опција во скоро време ќе биде унапредена за подобро корисничко искуство.

Исто така Twitter воведе и редоследен приказ на поставените коментари и одговори на објавите слично како кај Facebook и други социјални мрежи и блогови. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар