Сите вистини за батеријата на вашиот смартфон

Објавено на 31.05.2020 14:15 во Рецензија


Сите вистини за батеријата на вашиот смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Брзите полначи ни помагаат да не губиме време кога ни треба барем трошка батерија за да завршиме работа;

 

Negatives:

- Нема да имаме иновации во батериската технологија во блиска иднина;



Целата рецензија

Рокот на траење на батеријата е најважниот фактор при одлуката за купување на нов телефон. Сите од нашите мобилни очекуваме да траат долго на стендбај, а не само да имаат врвни екрани и камери со неверојатни способности. Исто така и брзото полнење значи многу. 10 минути на брз полнач може да значат разлика од гасење додека не пристигнете дома или ограничена работа во поставките за мскимално за чувување на енергијата во батеријата.

Брзите полначи со себе повлекоа и нови прашања, а едно од најважното е дали може да се намали ефикасноста на батеријата со нивното користење. Аналитичарите сметаат дека не треба да очекуваме промена на батериската технологија во блиска иднина. Сите мобилни уреди користат литиумско-јонска батерија, а најголемите постигнувања во оваа технологија се во поставките за штедење на енергија што е вградена во самите уреди. 

Со други зборови, софтверските решенија за штедење батерија ви помагаат да се фокусирате само на она што ви е потребно за одредени задачи да ги извршувате со телефонот, наместо нерегулирано да голтате енергија од батеријата. 

За среќа на смартфоните - електричните автомобили, сателитите и куќните напојувања се фокусирани за наоѓање решенија за подобри батерии. Станува збор тука и за самата големина на батеријата, која треба да биде помала за да може да биде компактна за различни употреби. Големината на батеријата е важна, затоа што постојат и повеќе трикови за продолжување на нејзиниот век на траење колку што е таа поголема.

Не можете да ја преполните батеријата на мобилниот телефон, стравот на корисниците за овој сегмент е неоправдан. Експертите тврдат дека самиот систем за управување со батеријата во мобилниот е да го прекине полнењето кога батеријата ќе достигне 100%, пред да почне со преполнување. Освен, ако има некој физички дефект.

Не мора да ја оставите батеријата целосно да се испразни. Празнењето на батеријата до 0%, активира хемиски реакции кои со текот на времето може да го скратат нејзиниот животен век. Најпрепорачливо е да се полни телефонот кога ќе паднете на 30% капацитет на батеријата.

Високите температури може да ја оштетат вашата батерија, односно го скратуваат нејзиниот животен век. Тоа значи дека телефонот не смеете да го изложувате на Сонце директно, односно на температура над 30 степени Целзиусови.

Неоригиналните кабли и полначи нема да ја оштетат батеријата, само што побавно ќе ви го полни телефонот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.