Huawei P40 Lite - Нема помоќен смартфон за таа цена

Објавено на 25.06.2020 08:36 во Рецензија


Huawei P40 Lite - Нема помоќен смартфон за таа цена

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
9.5


Камера
9.0


резултат
8.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Многу ниска

- Супер моќен процесор

- Фантастична камера

- Екстра брзо полнење на батеријата

 

Negatives:



Целата рецензија

Тимот на telefoni.mk продолжува со претставувањето на хит смартфоните за оваа сезона. Овој пат, го искористивме убавото сончево време, излеговме од домашни услови и го тестиравме новиот Huawei P40 Lite со цел на Вас, нашите читатели и гледачи да ви ги претставиме неговите можности.

Huawei P40 Lite е убедливо засега најмоќниот смартфон во средната класа со многу ниска и достапна цена за сечиј џеб. Тоа најмногу се должи на осум-јадрениот Kirin 810 процесор со 7 нанометарска архитектура. Овој процесор ги обезбедува најмоќните перформанси во средната класа.

Дизајн и естетика

Huawei P40 Lite е многу симпатичен смартфон. Ние се уверивме во тоа тестирсјќи ја верзијата со зелена боја на маската која се прелева под надворешна светлина и има убави ефекти на отсјај.

Смартфонот со оглед на тоа што на задниот дел користи пластичен материјал е многу лесен за држење во раката, носење во џебот и управување. Корисниците ќе имаат избор покрај зелената боја на маската и меѓу црна класична и елегантна боја и розева боја со сини нијанси кои се претопуваат една во друга, па така нема да згрешите со ниту една од нив.

Дисплеј и визуелна презентација

Huawei P40 Lite располага со 6.4 инчен LTPS IPS LCD дисплеј кој нуди одличен степен на живописни бои со прецизни детали. Резолуцијата е поставена на 1080х2310 пиксели со густина на сликата од 398 ppi.

Дисплејот на Huawei P40 Lite има квалитетна слика, голема прегледност на сите детали и на отворено ќе немате никакви проблеми со видливоста. 

Перформанси и камера

Huawei P40 Lite освен со моќниот процесор може да се пофали и со издржлива батерија со капацитет од 4200 mAh. Заедно со пакувањето доаѓа и супер брз полнач па така нема потреба да трошите дополнителни средства за конектори или полначи. 

Сликано со примарниот сензор на Huawei P40 Lite

Сликано со примарниот сензор на Huawei P40 Lite

Камерата на Huawei P40 Lite исто така е на висина на задачата со примарен сензор од 48 мегапиксели и бројни адути во софтверот поддржан од вештачка интелигенција.

Селфи портрет со Huawei P40 Lite

Макро слика со Huawei P40 Lite

Huawei AppGallery

Овој смартфон како и повеќето модели од новата генерација на Huawei нема пристап до Google Play Store, но тука во игра влегува обновениот маркет на апликации Huawei AppGallery. Постојат повеќе начини за добивање на пристап до најпопуларните апликации како Facebook, Instagram, Twitter, Viber, WhatsApp и многу други. Постојани се зголемува изворот на мобилни апликации со директна поддршка во AppGallery. Се користат и линкови за пребарување на ApK фајлови за инсталација од надворешни и безбедни извори додека пак на располагање ви е опцијата за клонирање на апликациите од претходниот Android смартфон кој сте го користеле. Повеќе детали за Huawei AppGallery и сите функции ќе најдете во нашата претходна рецензија.

Финални забелешки

Huawei P40 Lite е смартфон кој навистина плени со неговата способност при што самата цена може да ви делува нереално. Сметаме дека ова е моментално еден од најисплатливите смартфони во средната класа за кој не треба да размислувате многу дали ќе се вклопи со вашите потреби и замисли. Ние топло го препорачуваме Huawei P40 Lite. 

Останете безбедни и почитувајте ги мерките за заштита од КОВИД-19.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар