Google ги промени поставките за заштита на приватноста

Објавено на 28.06.2020 13:03 во Рецензија


Google ги промени поставките за заштита на приватноста

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрување на приватноста на корисникот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Google воведе одредени новости во поставките за приватноста кои дополнително ја заштитуваат приватноста на корисниците. Компанијата официјално соопшти дека не сакаат да ја комерцијализираат технологијата за препознавање на лицето и да креираат јасни AI принципи што забрануваат нејзина употреба или продажба.

Google истакнува дека секогаш ќе биде фокусиран на три важни принципи: безбедност на информациите, одговорно постапување кон нив и можноста за корисникот да управува со своите информации. Денес го претставија подобрувањето на приватноста што токму тоа ни го овозможуваат.

„Веруваме дека производите треба да ги задржат вашите информации само додека тие се корисни и потребни за вас - кога треба да ја пронајдете својата омилена дестинација на Maps или да примате препорака за гледање содржини на YouTube, порачуваат од Google. 

 

Од денес, кога корисникот прв пат ја вклучува историјата на локацијата (Location History), опцијата што во општите поставки е исклучена, опцијата за автоматско бришење ќе биде поставена на 18 месеци. Таа за новите профили исто така ќе биде поставена на 18 месеци и за поставката за активност на веб и во апликациите. Тоа значи дека корисничката активност автоматски и континуирано ќе се брише после 18 месеци, а не како досега да ја чува до моментот кога корисникот ќе се одлучи да ја избрише. Предупредуваат дека овие поставки во секој момент може да се исклучат или променат во опцијата за автоматско бришење.

Кај корисниците што веќе ја исклучиле историјата на локациите и активноста на веб и во апликациите, од Google порачуваат дека нема да ги промени тие поставки, но корисниците активно ќе го потсетуваат преку известување или e-mail за контролите на автоматско бришење со цел да одлучат која поставка за автоматско бришење најмногу им одговара.

На пример, во текот на користењето на платформата YouTube автоматското бришење ќе биде зададено и поставено на 36 месеци ако се работи на нов профил или ако YouTube историјата се вклучува за прв пат. Постоечките корисници може да одберат опција за автоматско бришење од 3 или 18 месеци. Зададените периоди на задржување нема да се применуваат во други производи како што се Gmail, Disk и Photos, кои се дизајнирани за безбедно меморирање на корисничката содржина се додека им е потребен пристап.

Контролирањето на Google профилот директно преку Search - корисниците така може да пребаруваат опции како што е „Google Privacy Checkup” или „Заштитен ли е мојот Google профил?“. Потоа ќе се појави рамка видлива само за нив и ќе се прикажуваат поставки за приватност и безбедност и само така може едноставно да ги прегледате или промените.

Полесен пристап кон анонимниот начин на работа: во најпопуларните апликации Search, Maps и YouTube, анонимниот начин на работа се вклучува со долго притискање на фотографијата на личниот профил. Во Googleu ја спремаат и можноста за континуирано користење на анонимниот начин на работа преку Maps и YouTube, но таа можност засега не е достапна.

Поголем број на проактивни контроли на приватноста: Со секоја посета на опцијата Privacy Checkup корисниците ќе може сами да ги прочитаат проактивните препораки и совети за управување со поставките за приватноста.

Се воведува проверка на безбедноста на лозинката

Google најавува алатка во следните недели што ќе проверува дали лозинките на корисниците се спремни во склоп на профилот на Google, дали се компромитирани, дали ќе станат темелен дел од спецификациите на Security Checkup.

Над 100 милиони луѓе го користеле Password Checkup и пријавено е 30% намалено пробивање на акредитивите. Тоа е неверојатно ефикасен начин за заштита на луѓето не само на Google, туку и на веб. 

„Преку Security Checkup автоматски ќе обезбедиме информации за обезбедување на профилот. Сега е интегриран Chrome на Google профилот, ќе почнеме и со згаснување на Chrome екстензиите за Password Checkup во наредните месеци“, истакнуваат од Google. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.