Како да ја снимате најдобрата фотографија што вреди 1000 зборови

Објавено на 22.07.2020 15:20 во Рецензија


Како да ја снимате најдобрата фотографија што вреди 1000 зборови

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Уметноста може да го истакне она што не можеме да го видиме преку обична призма со обична слика;

 

Negatives:



Целата рецензија

Фотографијата е посебна култура за живеење, исто како и пишувањето. Сликата раскажува приказна и буди специфични емоции што ве поттикнува поинтензивно да го следите објектот во внатрешноста на кадарот. Експресијата на фотографиите е неизмерна, а улогата на фотографот е свесно да го состави и вешто да го изгради наративот на приказната. Постојат неколку трикови што може да помогнат во текот на раскажувањето на интригантните приказни преку објективот на фотоапаратот.

Вештини за раскажување приказна

За време на снимањето на портретни фотографии, може да се заземе поинаква перспектива и да станете учесник или набљудувач на прикажаните приказни. Првиот пристап вклучува фотографирање од сопствена перспектива и воспоставување на контакти со главниот предмет, додека другиот подразбира набљудување од далечина и немешање во приказната што се раскажува.

Која перспектива и да се користи, треба да се има на ум дека најважно во портретот е да се фати автентичноста и да се сосредоточите на промислување на минувачките емоции. Треба да имате на ум дека за успехот зад раскажуваната приказна е заслужно фасцинирањето на луѓето и правилниот пристап.

Клучен елемент за снимање на добар портрет е трпението и чекањето на вистинскиот момент, оној во кој се покажува нечија личност. Работа со природното светло и позадина се нешта што може да потраат. „Лично го барам тој незаштитен момент и се обидувам да ви пренесам дел од она што значи да се биде таа личност“, истакнал Стив МекКјури, наградуван фоторепортер и креатор на фотографијата „Авганистанска девојка“ (The Afghan Girl). 

Нови перспективи

На фотографиите промената на гледиштата ја креира правилната слика да биде интригантна, онаа што има шанса да раскаже приказна на потполно поинаков начин. Затоа е важно да бидеме запознати со тајните на фотографирањето во различен период од денот и ноќта да откриеме дека раскажаната приказна варира како да се користи волшебното стапче. Токму фотографиите во ноќното или слабо осветлување ќе ја воодушеви публиката и ќе разбуди голем интерес кај членовите на жири комисијата од Next Image.

Инспирирајте ги другите

Најдобрите приказни се оние што носат порака и за кои сакаме да се знае повеќе. Фотографијата овозможува раскажување преку јазикот на сликите, па дури и раскажувањето во епизоди. Ако се одбере обликот на фоторепортажа, важно е да се осигураме дека приказната што се снима, има јасна тема, но истовремено и воодушевувачки елементи, што ќе го привлечат вниманието на гледачите.

„Се обидувам да раскажам приказна преку визија и интерпретација што ја гледам во својата глава, но за мене таа приказна е всушност внатре во гледачите. Тие контемплираат и креираат своја лична приказна, втемелена на сопствените искуства и гледишта на мојата, а се надевам дека и со своите фотографии го поттикнувам тоа создавање на приказната“, заклучува Каролина Хенке, позната модна и уметничка фотографка.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.