Колку често треба се чисти смартфонот за заштита од коронавирус

Објавено на 24.07.2020 14:50 во Рецензија


Колку често треба се чисти смартфонот за заштита од коронавирус

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрена заштита и превенција од коронавирус со редовно чистење на вашиот смартфон;

 

Negatives:



Целата рецензија

Поради пандемијата со коронавирусот луѓето станаа свесни за важноста на хигиената  и одржувањето на предметите да бидат чисти. Како треба да се чисти смартфонот, кој го користиме повеќекратно на дневно ниво и го прилепуваме до лицето.

Современите мобилни телефони не шират микроби до толку, тврди Маркус Егерт, професор по микробиологија и хигиена од германскиот Универзитет Фуртванген. Во споредба со бројот на микроби на човечките раце, би можеле да кажеме дека нивниот број на мобилните е занемарлив. За здрав човек што користи мобилен телефон во сопствениот дом, микробите не претставуваат опасност за него, вели тој.

Современите смартфони одликуваат мазни површини, поради што на нив се лепи помал број на бактерии. Тие нема со што да се хранат на тие површини, па затоа не успеваат ниту да се размножуваат. Бројот на бактерии пронајдени на типките на постарите мобилни е многу поголем, дообјаснува Егерт. 

Површината на смартфоните е одраз на свесноста за хигиената на нивните корисници, вели Себастијан Клоз, од германски Битком. Сите оние што ретко ги мијат рацете, користат смартфони додека јадат и ги носат со себе во купатило, на својот уред ќе пренесат многу повеќе микроби од оние што не го прават тоа. За состојбата на вашиот смартфон зависи и количината на микроби што ќе се запелат за неговата површина. Бактериите и вирусите добро се залепуваат за гребаниците.

Поранешните истражувања откриваат различни видови на бактерии и вируси на телефоните. Вообичаено е врз нив да се пронајдат бактерии што живеат на нашата кожа, во респираторниот тракт и бактериите што живеат во фекалии. Повеќето се бактерии од кои не можеме да се разболиме, но не се ниту целосно безопасни. Многу истражувања покажаа дека на мобилните телефони живеат Еширихија Коли, MRSA и стрептокок.

Егерт вели дека телефонот што не е толку валкан, не мора да се дезинфицира, оти коронавирусот се отстранува и со обичен сапун. Предупредува дека средствата за чистење, како што се оние за стакло или средства на база на алкохол, може да го оштетат премазот што ја одбива маснотијата од екранот на смартфонот. Ако често патувате и ако среќавате многу различни луѓе или го користите својот телефон во кујната, задолжително мора да го чистите почесто.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.