Samsung Galaxy A51 First Hand - Идеален за младите корисници

Објавено на 25.07.2020 15:07 во Рецензија


Samsung Galaxy A51 First Hand - Идеален за младите корисници

Оцени

usability
8.6


Перформанси
8.8


Цена
9.0


Камера
8.8


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Пристапна цена

- Повеќе камери во однос на претходникот

- Прекрасен дизајн

 

Negatives:



Целата рецензија

Telefoni.mk продолжува со серијата на видео презентација на најновите модели, а овој пат ви го претставуваме Samsung Galaxy A51 преку First Hand. Станува збор за еден од најефикасните смартфони во средната класа, со достапна цена, солидни перформанси и модерни елементи. 

Бројот 1 кој е додаден во неговото име воопшто не е случаен бидејќи нуди подобри перформанси во сите категории во однос на неговиот претходник Samsung Galaxy A50, како што е еден сензор повеќе на главната камера, поголем дисплеј, подобар процесор, поголема батерија, побрзо полнење, како и повеќе меморија. 

Samsung Galaxy A51 доаѓа со 6,5 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, 405 ppi густина на слика, а има заштитно Corning Gorilla 3 стакло. Овој дисплеј е сосема солиден за преглед на мултимедијални содржини, а исто така нуди и голем простор за прегледност на текст за читање и работа со апликации, социјални мрежи и игри. 

Смартфонот во периодот кој имавме можност да го запознаеме не освои со неговиот дизајн кој најмногу се истакнува на задната страна. Белата боја на маската на Samsung Galaxy A51 нуди одличен ефект на виножито под различни агли на светлина и со интересно прелевање на бои. На задниот дел има две линии кои формираат Х и го делат смартфонот на потемен и посветол дел. 

Samsung Galaxy A51 е многу лесен за држење во раката, неговата тежина воопшто нема да ја забележите, а исто така е многу практичен за носење во џеб или пак во чанта.

Според нашите впечатоци Samsung Galaxy A51 е идеален смартфон за помладата генерација, особено тие што сакаат да го купат својот прв посериозен смартфон. 

Samsung Galaxy A51 работи со осум-јадрен Exynos 9611 (10nm) процесор, основниот модел има 4 GB RAM и 128 GB меморија, а има и модели со повеќе RAM и ROM. 

Батеријата е прилично издржлива и може со едно полнење да поминете цел ден во активна работа со Samsung Galaxy A51, а исто така може брзо да се полни со потенцијал од 15W што е добар додаток во оваа класа.

Во делот на камерата како што споменавме на почетокот Samsung Galaxy A51 нуди неколку подобрувања. На задната страна се поставени четири сензори од кои примарниот има 48 мегапиксели со широка леќа од 26mm со  f/2.0 апаратура, 1/2.0" широчина, 0.8µm големина на пиксели и фазна детекција на автофокус.

Сликите со главната камера особено тие направени на дневна светлина се одлични.

Дополнително имате ултраширока камера со 12 мегапиксели, макро камера за сликање на предмети одблиску со 5 мегапиксели и помошен сензор од 5 мегапиксели за длабочина. 

Селфи камерата исто така ни остави добар впечаток. Таа располага со 32 мегапиксели, 26mm широка леќа, f/2.2 апаратура, широчина од  1/2.8" и има поддршка за HDR со што ќе добиете многу подобри резултати кога позадината и предниот план имаат различен степен на осветленост. 

Samsung Galaxy A51 се продава по цена од околу 350 евра, може да го најдете во пост-пејд понудите на телеком операторите со обнова или склучување на нов договор, како и во продажните партнери на Samsung низ Македонија со клуб попусти. 

Samsung Galaxy A51 е модерен смартфон наменет за младата популација благодарение на неговиот шик изглед, квалитетната камера, прегледниот и голем дисплеј, солидниот хардвер кој може да одговори на модерните потреби и на неговата издржлива батерија.

Што мислите вие за Samsung Galaxy A51?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар