Што е cloud и дали е побезбедно со него

Објавено на 30.07.2020 18:17 во Рецензија


Што е cloud и дали е побезбедно со него

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Значително намалени трошоци и ресурси за компаниите;

 

Negatives:



Целата рецензија

Модерниот бизнис не може да се замисли без cloud, но многумина мислат дека cloud е само меморирање, односно backup на своите податоци на сервери кај големите компани. Сликите, датотеките и документите од компјутер и смартфонот најчесто ги меморираме на облаците на Google - OneDrive и Dropbox, додека корисниците на Apple користат iCloud. Меморирањето и безбедноста на податоците е еден од најважните аспекти на облакот, податоците се денес новата нафта, но тоа е само дел од она за што cloud-от служи.

Најдобар пример се гејмингот и cloud сервисите, кои во иднина целосно може да ги заменат играчките конзоли и моќните гејминг компјутери. Не мора веќе гејмерите да купуваат скапи хардвери и конзоли, им треба само обичен уред set-top box или смартфон и интернет конекција, преку кои ќе се поврзаат со cloud сервисот. Моќниот процесор, графиката, меморијата и слично се сместени во облак, односно на оддалечени сервери на кои игрите се вртат така што нема потреба за купување на нов и моќен хардвер, туку доволна ви е само претплата за сервис.

Помали трошоци за сите

Cloud не се однесува само за меморирање на податоци, туку е целосно решение за испорака на различни услуги како што е компјутерската моќ, апликациите, меморирањето на податоците, кибернетската безбедност и слично. Компаниите може да имаате и кибернетска безбедност во редундантните податочни центри базирани на технологии од водечките светски производители. Сето тоа компаниите може да го имаате на сопствени сервери.

Cloud моделот за бизнис им овозможува на компаниите да се фокусираат на пазарот, конкуренцијата и корисниците, а не да размислува што му овозможува постоечката инфраструктура во компанијата. Cloud моделот им ги препушта податоците на професионалците со најмодерна технологија, а фокусот на менаџментот се променува кон ефикасност во работата.

Предностите на cloud се бројни: намалување на трошоците, флексибилност, скалабилност, бизнис континуитет, безбедност на податоците и поголем избор во развојот на ИТ стратегиите. Кога станува збор за намалување на трошоците, тука ситуацијата е јасна - воспоставува, одржува и го надградува дата центарот и скапите ИТ инфраструктури, што бара високи трошоц и многу енергија и време, додека со cloud нема повеќе потреба за капитални инвестиции во инфраструктура и плаќањето на експерти. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.