Зошто се укинува една од најстарите функции на YouTube?

Објавено на 31.07.2020 20:33 во Рецензија


Зошто се укинува една од најстарите функции на YouTube?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Намалување на злоупотребите на преводите

 

Negatives:

 

- Помали опции за превод на видеа 



Целата рецензија

Најпопуларниот сервис за објавување на видеа YouTube ќе ја укине една од најстарите функции. Станува збор за додавањето на преводи на видеата од страна на заедницата на корисници.

Уште од самите почетоци на YouTube секој корисник можеше да одредени видео да напише сопствен превод на јазик по избор и да го достави на одобрување до тој што го објавил видеото.

По одредено време преку сервисот Community Contributions тие преводи кои имаа најдобра оценка автоматски се поставуваа како CC во самото видео.

Видеата кои се објавени на англиски јазик немаат голем проблем да бидат прифатени од публиката бидејќи се на светски најраспространетиот јазик. Од друга страна пак, било кое видео кое не е на англиски јазик, а привлекува големо внимание често добиваше соодветен титл од заедницата на корисници.

Сега Google најавува дека ќе го укине сервисот за додавање на титлови преку Community Contributions. Од една страна на објавувачите ќе им биде овозможено да ги користат алгоритмите на YouTube за автоматско креирање на титл преку препознавање на глас.

Сепак, ова функционира само за јазици како англискиот и видеата добиваат прилично квалитетен автоматски генериран титл, додека пак за останатите јазици корисници ќе мора да бараат други решенија.

Меѓу нив ќе биде понудено шестмесечно бесплатно користење на платформата за титлување amara.org.

Исто така Google ќе нуди и попусти за користење на различни платформи за преведување на видеа. 

Една од причините за укинување на преводите од страна на корисниците се и злоупотребите што се правеа со спам пораки и навредливи или неточни содржини. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар