Дали Pixel 5 има проблеми со отвор во маската?

Објавено на 21.10.2020 19:23 во Рецензија


Дали Pixel 5 има проблеми со отвор во маската?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Google како да нема многу среќа со последните три модели на Pixel смартфони кои сите поединечно имаат по некој проблем кој го пријавуваа корисниците. Овој пат, со неодамна лансираниот Pixel 5 веќе пристигнаа првите поплаки од страна корисници на форумот на Google за поддршка на производи.



Сега за новиот Pixel 5 смартфон корисниците се пожалија дека има отвор во маската, односно има празнина помеѓу дисплејот и рамката. Тоа укажува на можни фабрички грешки со прилепувањето на горниот дел на панелот за екранот и самото лежиште на основата.

Досега на овие објави се надоврзаа околу 200 корисници кои наводно имаат сличен проблем со лошо прикачен панел на Google Pixel 5. Секако, добар дел од нив се уште немаат прикажано валиден доказ дека токму нивниот смартфон го има истиот проблем.



Без оглед што проблемот е пријавен од неколку корисници извори од Google тврдат дека гигантот од САД веќе започнал внатрешна истрага со цел да се утврди фактичката состојба.

Доколу станува збор за фабричка грешка тогаш постои опасност од повлекување на целата серија на веќе произведени Google Pixel 5 смартфони и утврдување колку од нив имаат таков вид на проблем.

Секако, постои можност оваа грешка со прилепувањето на екранот да е лимитирана на неколку модели што би го спасило Google од дополнителни трошоци и губење на доверба на корисниците.

Без оглед што овој "скандал" е во зародиш и не е потврдено дека е целосна фабричка грешка, веќе се забележани голем број на откажувања на нарачки на Pixel 5 смартфоните.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар