Дали енкрипцијата ќе го круниса Zoom еднаш за секогаш?

Објавено на 27.10.2020 15:53 во Рецензија


Дали енкрипцијата ќе го круниса Zoom еднаш за секогаш?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Целосна заштита на приватноста

 

Negatives:

 

- Мали ограничувања за над 200 учесници



Целата рецензија

Zoom одговори на потребите на корисниците и ја воведе опцијата за целосна енкрипција од еден на друг крај на комуникацијата со што ги адресираше било кои грижи за можна злоупотреба на приватноста на разговорите на корисниците.

Со воведувањето на E2EE енкрипција Zoom си го обезбеди своето место меѓу веќе етаблираните сервиси и апликации за допишување како и за видео разговори. Ако некој се сомневал во платформата Zoom како потенцијално опасно место од каде може да произлезат скандали и афери, овој пат со воведувањето на енкрипција, таквите сомнежи се ставени на минимум.

Родени во пандемија, силни и понатаму

Zoom својот метеорски успех го забележа за време на карантинските месеци, односно од самиот почеток на КОВИД-19 кризата. Во услови кога се наметна потребата за работа од дома и одржување на работните процеси како и на состаноците, конференциите и обуките преку интернет, многумина се потпреа на услугите на Zoom.

Сепак, недостигот на енкрипција на податоците, без оглед колку компанијата која стои зад Zoom, уверуваше дека нема никаква опасност, фрлаше сомнеж за идниот раст и развој на новиот интернет гигант.

Сега со воведувањето на енкрипцијата заштита на информациите и податоците добиваат сите корисници, без оглед дали ја користат бесплатната или некоја од платените верзии со различни премиум пакети.

Кој се добива енкрипција?

E2EE енкрипцијата на Zoom ќе биде достапна за сите десктоп платформи како што се Mac и PC односно за нивните соодветни десктоп апликации, потоа за мобилните платформи iOS и Android преку апликациите од App Store и Play Store како и за посебниот сегмент наречен Zoom Rooms. Енкрипцијата нема да биде достапна само кога се вклучувате на Zoom преку веб верзијата бидејќи истата се води преку интернет линк, а не преку локалната апликација инсталирана на вашиот десктоп или мобилен уред.

E2EE енкрипцијата ќе биде најпрво лансирана преку техничка бета фаза на тестирање со цел да се утврдат сите можни недостатоци и грешки. Откако ќе помине 30 дневниот период на пробна употреба, E2EE енкрипцијата ќе биде целосно достапна за сите апликации на Zoom.

Штом ја активирате E2EE енкрипцијата ќе ви се појави симболот на зелен штит, што значи дека вашата комуникација е целосно обезбедена.

Дали има услови и ограничувања?

Иако состаноците на E2EE се побезбедни, тие не работат со неколку опции на Zoom. Овие вклучуваат снимање на cloud, транскрипција во живо, анкетирање, реакции на состаноци и придружување пред да даде одобрување домаќинот на состанокот. Учесниците исто така нема да можат да се приклучат со телефонски SIP / H.323 уреди, конфигурации на клиенти на Lync / Skype, бидејќи Zoom не може да обезбеди да бидат криптирани од еден крај до друг.

Состаноците на Зум на E2EE поддржуваат максимум 200 учесници. Тоа нема да влијае на корисниците на плановите на Zoom за „Основни“ или „Про“ пакети, кои достигнуваат максимум од 100 учесници, но може да претставува проблем за претплатниците со деловни активности или компании, кои користат пакети до 300 или до 500 максимален број на учесници.

Тие што имаат бесплатни кориснички сметки ќе треба да го потврдат нивниот телефонски број користејќи СМС и исто така им треба валидна опција за наплата поврзана со нивната сметка.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар