Microsoft со сила ќе ве натера да заборавите на Internet Explorer

Објавено на 29.10.2020 17:43 во Рецензија


Microsoft со сила ќе ве натера да заборавите на Internet Explorer

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- По речиси 30 години конечно ќе биде заменет Internet Explorer

 

Negatives:

 

- Бавна транзиција кон Microsoft Edge



Целата рецензија

Можеби веќе звучи смешно и несфатливо, но и натаму постојат голем број на корисници кои упорно го активираат „праисторискиот“ Internet Explorer, без оглед што оваа веб апликација со години не добива никакви надградби и е далеку зад модерната конкуренција која го промени воопшто начинот на кој влегуваме во интеракцијата со сајбер просторот. 

Новата тактика на Microsoft е помалку чудна, бидејќи може да одлучи целосно да го суспендира Internet Explorer наместо вештачки да го одржува во живот, и повремено да ве нервира со досадните нотификации преку Windows 10 дека, ете сега на располагање го имате интернет прелистувачот Edge како соодветна замена.

Суптилно присилување повеќе да не се користи Internet Explorer

Како што наведовме, Microsoft презеде неколку чекори за заобиколување на Internet Explorer. Најновиот чекор е блокирање на над илјада веб страници, меѓу кои многу популарни сервиси како што се Facebook, Instagram, YouTube и други. Тие се прогласени за „некомпатибилни“ со Internet Explorer, па така корисниците се принудени да користат алтернативен интернет прелистувач, како што е Microsoft Edge. 

Постепеното гасење на функциите на Internet Explorer ќе започне на 30 ноември кога преку оваа веб алатка повеќе корисниците ќе немаат поддршка за работа со Microsoft Teams апликацијата за онлајн работа како виртуелна канцеларија со можност за конференциски видео повици и споделување на фајлови. 

Следен чекор ќе биде и прекинување на поддршката на Internet Explorer за Microsoft 365, вклучувајќи ги и корисниците кои се претплатени на различни софтверски пакети меѓу кои и Office групата на апликации за работа со документи. 

Што нуди алтернативата?

Microsoft не сака да биде премногу агресивен со наметнување на Edge интернет прелистувачот како главен избор за отворање на веб страници, иако системски преку Windows 10 тоа го прави доста суптилно, особено ако користите различен интернет прелистувач како што е Chrome или некој од останатите популарни конкуренти Opera, Firefox и други. 

Сепак, транзицијата за Microsoft кон следното решение е многу бавна, дури изненадувачки тромава за технолошки гигант од ваков калибар. Најпрво беше претставен Edge како целосно ново софтверско решение, развивано внатрешно во Microsoft, со ветување дека нема да одзема премногу работна меморија, за разлика од „аждајата“ Chrome која ја „цеди“ RAM меморијата.

И овој проект се покажа како доста неуспешен. Иако првичната верзија на Edge имаше одлични замисли и концепти за нови алатки, наменети за мултитаскинг и организација, сепак заврши неславно. Сега, проектот е целосно променет и Edge се базира на Chromium истиот source code од отворен карактер врз чија база е изграден всушност интернет прелистувачот Google Chrome. 

Затоа и транзицијата не е проследена со големи помпи, бидејќи Edge визуелно, а и функционално не се разликува нешто премногу во однос на Chrome ниту пак има некои екстра функции кои би ве натерале веднаш да ги промените корисничките навики.

Дали иднината е вертикална?

Воведувањето на новиот експериментален вертикален дизајн на Edge инспиран од вертикалните менија и прикази на смартфоните е добар обид на Microsoft да го привлече вниманието на корисниците, па од реализацијата на бета програмата која сега се тестира, може да даде добри резултати и со тоа да се роди сериозен конкурент на Chrome за десктоп системот Windows. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар